Мусака од модар патлиџан и пилешкоСостојки:
две средни парчиња пилешки гради
два до три модри патлиџани
три до четири домати
150 гр кашкавал
1 чешне лук
сол, копар, бибер, зачин по вкус
Подготовка:
Патлиџаните измијте ги, исечете ги краевите, исушете. Исечете ги по должина, ставете ги во чинија, посолете и оставете ги 20-ина минути. Исцедете го сокот.
Пилешките гради измијте ги и секој дел исечете го на четири дела. Малку исчукајте го, посолете и зачинете. Доматите измијте ги и исечете ги на кругови. Лукот и копарот исечете го ситно.
Во тава ставете малку масло и прпржете ги лентите модри патлиџани на секоја страна, 2-3 минути. Ставете на хартиена салфета да ја впие непотребната маснотија.
Огноотпорниот сад за печење премачкајте го со масло и иставете ред модри патлиџани, малку да се преклопуваат. Пота врз патлиџаните наредете го пилешкото месо, потоа повторно патлиџан па пилешко. Потоа наредете ги доматите. Посолете, зачинете и посипете со сецкан лук и копар. На крај посипете со рендан кашкавал. Печете во загреана рерна на 180 степени, 25- 30 минути.Состојки:
две средни парчиња пилешки гради
два до три модри патлиџани
три до четири домати
150 гр кашкавал