Кога љубовта НЕ е доволна…

Го сакате, се чини бескрајно. И тој вас подеднакво толку. Но и понатаму се соочувате со болни расправии и непријатни моменти. Зошто?Вие го сакате вашиот партнер, а и тој вас бескрајно многу. Но и понатаму често пливате во разочарувања, расправии и караници. Нажалост, ваквиот случај е се' почест. Поголемиот дел од нас како погрешно да научивме дека љубовта е доволна за да се одржи интимната врска помеѓу две личности. Вистината е дека за хармоничен однос е потребно многу повеќе од љубов.Неретко, во комплицираните врски кога човекот ќе се ослободи од сета бол, фрустрации, предрасуди, нетрпеливост и бес кон својот партнер и понатаму тој чувствува голема љубов кон него. Значи, не се работи за недостаток на љубов. Проблемот пред се' лежи во недостатокот на самодоверба и љубовта према самиот себе.
 
И покрај уваженото мислење дека луѓето денес дури и премногу се сакаат себе си, кристално е јасно дека најпрво повеќето не се сакаат и почитуваат доволно себе си, а тоа е најчесто покриено под маската на егоистична и нарцисоидна личност.
Нискиот степен на самодоверба и самопочитување е главен виновник за поголемиот дел од проблемите во една нездрава љубовна врска. Пред се', може потсвесно да се развие мисла дека интелектуалното ниво на партнерите е различно што доведува до омаловажување, понижување, влијае на создавање на низа од комплекси и расправии околу тоа кој е подобар, патолошка љубомора, неоправдан страв дека ќе го изгубите партнерот, и така во недоглед.

Потрудете се да поработите на себе си и вашата самосвест, никогаш не заборавајќи на своите вредности и квалитети. Научете да се сакате и цените себе си, за и другите да ве сакаат и ценат вас!
 
Што е неопходно за успешна врска? Добра комуникација! Важно е да не се штедите и да му ги изразите на партнерот сите ваши мисли и чувства, да градите однос во кој еден со друг ќе се сослушате и по потреба ќе се советувате.Следното парче од оваа сложувалка за да се оформи врска со светла и сериозна иднина е личностите да бидат со слични морални вредности, религиски и духовни верувања, интереси, животни цели, кои ќе се поддржуваат еден со друг и ќе се почитуваат безрезервно.Важно е да бидеме прилагодливи и разумни и притоа да ја почитуваме слободата на избор на нашата сакана личности и да ја следиме на тој пат, поддржувајќи ја и бодрејќи ја секогаш и во се'.

Што е важно за една врска која води кон брак или заеднички живот? Луѓето кои раснат заедно, остануваат заедно. За еден пар да остане компатибилен, мора секогаш да работи на негување и напредок на својата врска и однос, но и секој од партнерите кон себе си како индивидуа во тој пар. Двајцата партнери мора да ја негуваат врската и меѓусебно да се надополнуваат и секогаш да бидат во тек со емоциите, расположението и потребите на другиот партнер.Па така, може да заклучиме дека љубовта не е доволна. Љубовта е предуслов, почетна станица, неопходна состојка за здрав однос, но љубовта мора да се гради, негува, мора да се борите за неа, да се жртвувате, да бидете трпеливи, да чекате, да толерирате, да простувате и да имате разбирање!Вие го сакате вашиот партнер, а и тој вас бескрајно многу. Но и понатаму често пливате во разочарувања, расправии и караници. Нажалост, ваквиот слу

Пронајдете не на следниве мрежи: