Ако може да им се верува на долгорочните прогнози, тогаш оваа зима нема да видиме некој голем студ.Неколкумесечните прогнози велат дека до крајот на годината само утринските температури ќе бидат во минус и тоа само неколку степени, додека дневните во најстудените денови ќе надминуваат 5 степени.
Оние кои го сакаат снегот, веројатно нема да се радуваат многу оваа година. Снежни врнежи не се најавуваат во градовите се до крајот на годината. Услови за снег ќе се создадат во последните денови но според она што сега се прогнозира, тоа нема да биде интензивно и веројатно нема да се формира снежна покривка.
Дека вакви метеоролошки услови ќе имаме до крајот на годината аргумент плус дава и топлото време во втората половина на октомври, кога во текот на денот температурите надминуваат и 25 степени, што е далеку над просекот за овој период од годината.
Долгорочните прогнози ретко даваат прецизна слика за временските услови кои не очекуваат, но сепак, добри се за да дадат каква-таква претстава за времето.Неколкумесечните прогнози велат дека до крајот на годината само утринските температури ќе бидат во минус и тоа само неколку степени, додека дневнит