КОГА МРТВИТЕ ЌЕ ВЕ ПОВИКААТ: Ова се знаци дека некој од вашите блиски починати комуницираат со вас

Дали сте знаеле дека вашите блиски се обидуваат да ве контактираат после смртта? Ви претставуваме некои од начините на кои тоа тие можат да го постигнат.Соништа
Кога спиеме доаѓа до воздигање на нашите вибрации до таа мера скоро да се преклопат со вибрациите на нашите блиски во спиритуален облик. Бидејќи нашиот подсвесен ум е далеку помалку оптоварен отколку нашиот свесен дел од умот, на духовите тогаш им е полесно да дојдат до нас. Многу вакви соништа знаат да бидат прилично реални. Исто така се јавува и поголема шанса дека ќе запамтите таков сон, иако инаку ги заборавате сите свои сонови. Кога сонувате вакво нешто, обрнете внимание. Можеби вашите блиски ви праќаат порака од оној свет.
Фантомски мирис
Нашите блиски често ни го откриваат нивното присуство со тоа што ни праќаат мириси кои сме ги поврзувале со нив. Тоа има смисла бидејќи мирисите од сите сетила се сметаат за најсилен спомен.
За некој тоа може да биде омилен парфем или мирис на тутун. За други тоа може да биде омилен оброк или мирис на свеж леб. Тој мирис знае да биде толку слаб да помислиме дека само сме го замислиле а всушност вистина сме го почувствувале. Вашите блиски вложиле многу енергија да ви го испратат тој мирисен сигнал. Треба да го цените тоа.
Работите на погрешни места
Кога ќе оставите своите очила за читање на масичката, а потоа ги пронајдете во кујна, сигурно ќе помислите дека сте полуделе. Некогаш тоа може да биде и нечија фотографија која постојано паѓа. Меѓутоа, тоа се се знаци дека ве посетува некој близок.
Песни
Нашите блиски можат да ни испратат порака и преку песна. Доколку ја креирате вашата листа на песни која подоцна ја слушате додека патувате или чекате некаде, обрнете внимание на редоследот на песните доколку сте наместиле да се пуштаат наизменично. Може да забележите некоја порака од вашите блиски.
Мисли кои не се ваши
Често се случува да ги отфрлиме пораките од нашите блиски кои ги добиваме како наш интерен дијалог. Тие пораки се всушност нивни начин да ни помогнат да се усредоточиме на животот во моментите кога опаша нашето внимание. Нивната карактеристика е што не се изречени во прво лице.
Обрнете внимание на моментите во кои ви се јавуваат такви пораки. Можеби ќе наидете на збор кој не го употребувате толку често или препознаете одлики на некој близок според контекстот на реченицата.

 
Неочекувани подароци
Подарок не мора да биде нешто што е купено во продавница. Тоа може да биде спомен или некоја случајност. Дали некогаш ви се случило да сте тажни и потоа да ве повика некој пријател да ве праша како сте? Можеби на прагот сте нашле бело перо или во бавчата сте виделе нов процветан цвет? Тоа се се неочекувани подароци кои ви ги праќаат вашите блиски.
Среќавање на вистински луѓе во вистинскиот момент
Немојте да мислите дека среќавањето со некој кој ви го променил животот било случајност. Размислете за својот живот. Дали сте имале моменти кога ви била потребна ѕвезда водилка и кога се појавила вистинската личност во вистинското време? Немојте да се сомневате во тоа дека вашите блиски замешале прсти.
Знаци на погреб
Легендарниот медиум Џејмс ван Прг, тврди дека сите личности присуствуваат на својот погреб откако ќе умрат. Тие обично лутаат наоколу и ги тешат своите сакани, обидувајќи се да им дадат знаци дека ќе почиваат во мир.
Набљудувајте ги своите миленици
Доколку вашиот близок го сакал вашето милениче, можно е од време на време вашиот миленик да ја види блиската личност и да реагира на неговата појава. Можеби вашето куче од чиста мира ќе почне да мрда со опашката или вашата мачка ќе почне да преде без никаква причина.
И кучињата и мачките имаат подобар слух од нас. Тие можат да чујат звуци кои се надвор од нашиот домен за слушање. Нивниот вид е исто така подобар и можат подобро да го да видат црвениот дел од спектарот. Милениците исто така може да не посетат после нивната смрт.
Стари навики
Дали вашиот татко постојано се жалел што луѓето оставаат вклучено светло во соба откако ќе излезат? Тој тоа ќе ви го покаже така што понекогаш ќе го исклучи светлото дури и ако сте вие во просторијата. Дали вашата баба сакаше сите работи да стојат на свое место? Доколку сте го промениле нивниот распоред, можно е повторно да ги најдете во првобитна состојба.
Немојте да заборавите дека е потребна голема количина на енергија за духовите да можат да делуваат во физичкиот свет. Според тоа барајте суптилни знаци во иста мерка како и оние очигледните.
Душата е вечна и вашите блиски ќе се потрудат тоа да ви го докажат. За нив животот се продолжува, но на поинаков начин. Значи тие се насекаде околу нас само треба да знаеме каде да ги бараме. Соништа
Кога спиеме доаѓа до воздигање на нашите вибрации до таа мера скоро да се преклопат со вибрациите на нашите блиски

Пронајдете не на следниве мрежи: