КОГА ПОЛИЦИЈАТА ЌЕ ЗАПЛАЧЕ: Приказна за малолетно девојче кое за една вечер имало 15 клиенти…

Не можете да замислите како изгледа девојка од 12 или 13 години која за една ноќ имала 10 или 15 клиенти и згора на тоа е под дејство на наркотици. Таа со вас не може ниту да разговара, гледа во вас, а  не ве гледа, неповрзано ви одговара, се присетува на еден случај инспекторката Драгана Старчевиќ.Драгана Старчевиќ полициски инспектор во Одделението за јавен ред и мир во Белград, раскажа шокантна приказна за проституцијата во Србија. Се среќавала со разни сцени, но некои од нив навистина ја потресле.
Прв пример е семејството кое цело се доселило во Белград – мајка од четириесет и нешто години со три деца, како и нејзиниот нов емотивен партнер, кој не е татко на децата.
Ќерката имала 19, синот 15, а најмалата 2 години. Бидејќи откриле дека во станот на тоа семејство има проституција, полицијата влегла внатре и затекнала клиент кој избира помеѓу мајката и ќерката кои притоа се облечени само по долна облека.
Во другата соба бил вонбрачниот сопруг, по гаќи и градник, доколку и за него се појави заинтересиран клиент. Полицијата подоцна утврдила, дека мајката ја натерала ќерката и невенчаниот партнер, да се занимаваат со проституција. Поради тоа е осудена за трговија со луѓе и сместена е во затвор, а децата во згрижувачки семејства.
Вториот случај се одвивал во еден стан во Нов Белград, каде сопругот им ја изнајмувал својата сопруга на клиенти, додека децата биле во училиште. Додека таа „работела“, сопругот седел во другата соба и скришно набљудувал. Често и намерно ги снимале нејзините средби со клиентите, за подоцна заедно да ги гледаат, што како што велат тие добро им влијаело на сексуалниот живот. Доколку сопругот не бил дома, жената имала задача да фаќа забелешки во текот на односот со клиентот, а сето тоа подоцна да му го чита .
На молбата да ги наведе најтрагичните примери кои ги видела во текот на својата кариера, Драгана Старчевиќ издвоила едно девојче од 13 години кое било жртва на трговија со луѓе. Неа ја екслоатирал некој кого таа го сметала за момче.

 
Кога инспекторите ќе заплачат
„Не можете да замислите како изгледа девојка од 12 или 13 години која за една ноќ имала 10 или 15 клиенти и згора на тоа е под дејство на наркотици. Таа со вас не може ниту да разговара, гледа во вас, а  не ве гледа, неповрзано ви одговара. Во лоша психичка состојба е и има повреди од убоди од игли“. Имавме, се присетува инспекторката и девојче со повреди од типот на изгасени цигари по телото, кое физички го злоставувале макроа.
И мажи во проституција
Во проституција не влегуваат само жени, туку о мажи. Во прашање се во главно трансвестити и хомосексуалци.
Најголем број маѓи кои се занимаваат со проституција се трансвеститите – кои се облекуваат како жена. Тие најчесто користат хормони и почнуваат да им растат гради, некои ставаат и градници и вештачки помагала – чорапи и слично. Трансвеститите на клиентите им даваат услуги како и жените, а некои клиенти, особено оние во алкохолизирана состојба, дури и не знаат дека маж им пружил услуга, бидејќи се се случува во мрак и некогаш врз основа на нивниот изглед, тешко е да се забележи дека се жени. Драгана Старчевиќ полициски инспектор во Одделението за јавен ред и мир во Белград, раскажа шокантна приказна за проституцијата во Србија. Се среќа

Пронајдете не на следниве мрежи: