Кога размислувате за хигиената и за највалканите места во вашиот дом, сигурно тоалетот прв ви паѓа на памет. Меѓутоа, кујната е просторот во кој лесно можете да закачите некоја зараза и тоа од работи кои никогаш нема да ви текне дека би можеле да бидат главен извор за бактерии.Отворач за конзерви
Сте отвориле конзерва и отворачот сте го вратиле во фиока? Според истражувањето кое во 2013 година го спроведе организацијата НСФ Интернешнал, можно е дека заедно со отворачот сте собрале и бактерии како ешерихија коли или салмонела. Постои опасност на отворачот да се најдат и остатоци од храна, кои подоцна ќе развијат гливички и мувла, што особено би можело да им наштети на лицата кои се склони кон алергии.
Торби за купување
Благодарејќи на торбите кои ги носите при купување на намирниците, вие ја спасувате природата. Но, експертите предупредуваат дека можете да си го загрозите здравјето доколку соодветно не ги одржувате торбите. Имено, од тие торби исто така постои опасност од бактеријата ешерихија коли, посебно ако во нив претходно сте носеле сирово месо.
Држач за ножеви
Отворите во држачот за ножеви се расадник за развој на бактериите. Иако ножевите го враќате чисти, малку влага и година дена слабо одржување на држачот можат да развијат мувла во отворите.
Врата од машината за миење садови
Најопасен дел е оној околу гумата, бидејќи таму може да се насоберат гливички.
Фрижидер
Не е реткост во фрижидерот да се најде некоја расипана храна. Токму поради тоа, фрижидерот е најзаразното место во вашата кујна. Од нередовното одржување на фрижидерот, се заканува опасност од ешерихија коли, листерија, салмонела и мувла.
Рачки
Тие се можеби најконтаминираните делови од кујната, но колку често ги чистите? Веројатно не доволно. Неколку истражувања покажале како рачките и држачите се извори на разни видови бактерии.Отворач за конзерви
Сте отвориле конзерва и отворачот сте го вратиле во фиока? Според истражувањето кое во 2013 година го



