Кога слушнала дека нејзин близок пријател излегува со момчето кое ѝ се допаѓало, била скршена и одлучила да работи на себе и нема да ја препознаете, ослабела 35 килограми.Мариса Хоченберг е девојка чија приказна се проширила по многу светски списанија за здравје.
„Од секогаш сакав храна“, вели таа.
„Не би се опишала себе како некој кој јаде на психичка база, но се борев со својата тежина и затоа бев злоставувана“.
Иако се случувало да изгуби по пет килограми годишно, тоа никогаш не било трајно. А потоа кога отишла на колеџ, нејзината килажа почнала да расте се повеќе и повеќе.
А потоа се случило нешто што буцката Мариса ја натерало да го промени својот начин на живот.
„Токму кога почнав да сфаќам дека тежината само ми одмага во животот, добар пријател почна да се забавува со момче кое ми се допаѓаше“, напишала Мариса.
„Бев повредена. Седев на клупа во Централ Парк едно попладне и размислував дека морам да го променам начинот на живот“.
Со новиот план, Мариса станала од клупата и отишла да купи здрава храна.
„Кога заминав дома, го отворив ладилникот и ги фрлив сите работи кои не би требало да бидат таму“.
Од тој ден животот на Мариса тотално се променил. Почнала сама да истражува, ги отфрлила нутриционистите и сама дошла до својот план за здрав живот.
Ја консултирала својата диета, вклучила доволно протеини, зеленчук, влакна, зелен чај…
Покрај новиот начин на исхрана, таа секојдневно посетува теретана, а потоа резултатите почнале да се покажуваат.
„Моето тело се трансформира. Како и се во животот, кога многу се трудите, почнувате да ги гледате резултатите. Ослабев 35 килограми“.
„Никогаш нема да го заборавам моментот кога влегов во продавница и купив облека со големина за која можев само да сонувам. Плачев“.
Своето патување го споделувала на социјалните мрежи.
Подоцна се поврзала со организации кои водат грижа за здрав начин на живот, па дури и организира настани со експерти на кои им помага на оние кои им е потребно тоа.Мариса Хоченберг е девојка чија приказна се проширила по многу светски списанија за здравје.
„Од секогаш сакав храна“, вели таа



