Кога се качувате на скалилото на УСПЕХОТ, поздравете ги оние што ќе ги сретнете, бидејќи можеби пак ќе ги сретнете на симнување

Кога се качуваш на скалилата на успехот, секогаш поздравувајте ги оние што ги среќавате, бидејќи може повторно да ги сретнеш кога се симнуваш – предупредува старата мудрост.Но, ова ретко се применува во практиката. Истражувањето на Универзитетите во Амстердам и во Калифорнија покажаа дека многумина успешни испитаници, на кои „им удрила славата во глава“, заборавија на тоа.
За потребите на истражувањето се вкрстени луѓе кои не се познавале, и кои едни на други требале да си раскажуваат за тешкотиите со кои се соочувале, од разводот па се до смртта на блиските. „Моќните“ поединци во овие парови покажале помалку сочувство од оние кои биле помалку успешни.
Тоа го потврдило и друго истражување, во кое што заклучокот е дека во текот на разговорот, успешните луѓе помалку климале со главата и ретко се насмевнувале. Наместо тоа, тие често покажувале несогласување и го прекинувале разговорот, а ретко обрнувале внимание на кажаното.
Научниците истакнуваат дека разликата во парите ја обликува и разликата во однесувањето, а секогаш ги развиваме оние две особини од кои имаме најмногу корист. Па така, богатите луѓе секогаш можат да изнајмат помош во куќата доколку им е неопходна, а сиромашните мораат да се ослонуваат на своите социјални вештини за да го убедат соседот да им го причува детето додека се на работа.Но, ова ретко се применува во практиката. Истражувањето на Универзитетите во Амстердам и во Калифорнија покажаа дека многумина успешни испитаници,

Пронајдете не на следниве мрежи: