КОГА СМЕ КАЈ ПРИОРИТЕТИ: СЗО до Сиријците: Заборавете на бомбите и хуманитарната катастофа, треба да сте загрижени од цигарите

Масовен гнев се прошири по предупредувањата од СЗО за опасностите од пушењето – кон луѓето кои во моментов бегаат од бомби, гранати и ИСИС. Последниве се всушност на иста страница со СЗО во поглед на ова прашање.Јавноста, медиумите и експертите се шокирани од последното предупредување издадено од Светската Здравствена Организација до Сирискиот народ, во кое се вели дека мора да прекинат со пушење. Секако, во некои други времиња ова би можело да биде целосно оправдано, меѓутоа да не заборавиме на бројот на загинати, кој забрзано со доближува до 300.000 жртви во најкрвавата граѓанска војна во светот во моментов.
Агенцијата за здравје на ОН изјави дека “без разлика на моменталната криза во земјата, конзумирањето на тутун и шиша од наргиле го загрозуваат здравјето и идниот живот на пушачите и луѓето околу нив”. Тие исто така повикаа на воведување на унифицирано пакување на цигарите, со цел да “се намали атрактивноста и гламурот” на брендовите цигари.
Британискиот Индепендент пред една седмица објави сторија за овој случај, пишувајќи, “Вашиот дом можеби е во пламења, вашето семејство може е заробено, вашите мачители посегнуваат да ви ги извадат ноктите – но над се, мора да ја игнорирате кутијата цигари во вашиот џеб”. Тие не се единствениот глобален медиум кој реагира на оваа бесмисленост, која не можеше да дојде во понесоодветен временски период. Другите медиуми, како и организаии, институции, политичари и граѓани се придружија во лутината од оваа “крајно нечувствителна” изјава, која доаѓа од организација, чии приоритети се “целосно погрешни”.
Британскиот Парламентарец Најџел Фараџ исто така се осврна кон изјавата, искажувајќи загриженост за приоритетите на меѓународната организација, која е финансисрана од парите на граѓаните од целиот свет. “Доколку живеев во Сирија, ќе бев далеку позагрижен за ризиците од Исламската Држава, отколку од смирувачка цигара”. Неколку Британски асоцијации на плаќачи на данок ја повикаа Британската Влада да престане да ја финансира СЗО од парите на граѓаните, се додека организацијата не одлучи да си ги среди приоритетите.
Додека СЗО издаваат корисни, но во моментов неконструктивни реакции без срам, и даваат совети од топлината на своите кожени фотелји во Женева, Сирискиот народ се во постојана опасност од бомби, проектили, автомобили-бомби, мачење и колење. Индепендент го нарекува ова “најнесоодветниот момент во историјата, каде на светот му беа прикажани ОН во своето најдобро канцерогено светло”. А не се далеку од вистината. Наместо да обрнат внимание на распаднатиот здравствен систем во земјата, кој се влошува од ден во ден, му недостасуваат основни ресурси, пред се материјали, простории и персонал, кои исто така би биле безбедни (Сириските болници се постојано мета на бомбардирање), наместо залагање за делење на чисти и санитетски производи на Сирискиот народ – вклучувајќи ги и бегалските кампови, наместо да го искористат својот авторитет како највисока здравствена организација на глобално ниво, со цел да повикаат на подигнување на здравствените стандарди барем на основно ниво, очигледно цигарите се (повторно) најголемиот проблем според СЗО. Или се само алатка за свртување на окото на јавноста од гореспоменатите услови кои недостасуваат, а требало да бидат повеќе или помалку обезбедени од СЗО?
Сепак, пред почетокот на војната, Сириската влада иницирала неколку кампањи против тутунот и го забранила пушењето во одредени државни институции, што речиси не дало никаков ефект кон 60% од мажите и 23% од жените, кои се активни пушачи. Сепак, обидот не пропадна целосно; слична кампања беше понатаму преземена и продолжена од никој друг, туку ИСИС. Дополнително, тие лесно може да се опишат како најголемите противници на цигари во модерниот свет: казната за цигара во рака или во џеб е, според најдоброто сценарио – казна од 20$, иако сепак поверојатната “награда” се 20 камшици со челична жица.
Една работа е сигурна – кога организација на ОН и ИСИС се на иста страница – нешто е навистина многу, многу погрешно.
ЛИНКОВИ:
https://www.independent.co.uk/voices/un-failing-syrians-war-hunger-conflict-assad-isis-stop-smoking-robert-fisk-a7079306.html
https://www.thesun.co.uk/news/1290261/fury-as-world-health-organisation-launch-campaign-to-warn-syrians-about-dangers-of-smoking-as-they-flee-isis/Јавноста, медиумите и експертите се шокирани од последното предупредување издадено од Светската Здравствена Организација до Сирискиот нар

Пронајдете не на следниве мрежи: