Кои 10 намирници ќе ја зачуваат вашата блескава насмевка?!

Дали сте знаеле дека постои храна која може да ги чува здрави вашите заби?! – Дпоколку се уште не знаевте ова е вистинската прилика да се информирате кои намирници ги чуваат здрави вашите заби, и секако вашата блескава насмевка/Ова се 10 најздрави намирници за забите:
1. Зелен чај
Овој чај содржи полифеноли, антиоксиданси, односно билни споеви кои спречуваат забните наслаги или плакта да се лепи за забите и така се намалува шанса за развој на кариес и болести на забното месо. Освен тоа, тие го намалуваат влијанието на лошиот здив затоа што го инхибираат растот на бактериите кои предизвикуваат непријатен мирис.
2. Млеко и јогурт
Незасладениот јогурт и млекото се добри за забите. Имаат ниска киселост, а тоа значи дека постапно ги трошат забите, односно денталната ерозија е побавна. Овие намирници имаат и многу малку шеќер, што значи и помалку расипување на забите. Млекото е, исто така, добар извор на калциум, елемент од кој главно се состојат забите и коските.
3. Сирење
Ниското ниво јаглерохидрати и високата содржина калциум и фосфат се од голема полза за здравјето на забите. Наброените елементи ја помагаат врамнотеженоста на pH, обновувањето на забниот сјај, создавањето течности кои ги уништуваат бактериите кои предизвикуваат кариес и болести на забното месо.
4. Овошје
Различното овошје како јаболкото, јаготките, агрумите и посебно кивито, садржат многу витамин Ц кој е клучен за здравјето на забното месо. Без доволно количество витамин Ц, доаѓа до распаѓање на мрежата на колагенот во забното месо поради што доаѓа и до отекување на забното месо и поголема чувствителност на бактерии кои ја предизвикуваат парадентозата.
5. Зеленчук
Тиквата, морковот, слаткиот компир и брокулата се полни со витамин А. Овој витамин е апсолутно неопходен за формирање на забниот сјај. Освен тоа, рскавиот зеленчук го чисти и стимулира забното месо.

 
6. Лук
Овој зеленчук треба да се издвои затоа што содржи снажни антибактериски сумпорни споеви. Тестовите покажаа дека лукот убива разни видови бактерии. Истражувањата покажуваат дека тие се најмоќни кога лукот се јаде свеж и сиров. А тоа дека ќе имате добри заби е – загарантирано.
7. Целер
Состојките на целерот ги штитат забите, а дополнителното џвакање создава многу сокови кои неутрализираат различни бактерии кои предизвикуваат кариес. Освен тоа, целерот го масира забното месо и го чисти просторот помеѓу забите.
8. Семки од сезам
Добрите заби можат да бидат резултат на комбинирање на леб и сезам. Ја отстрануваат плакта и помагаат при зајакнувањето на забниот сјај. Семките од сезам се богати со калциум, кој помага при зачувувањето на коските, забите и забното месо.
9. Храна од животинско потекло
Говедското, пилешкото, мисиркиното месо и јајцата – содржат фосфор. Овој елемент е мошне битен затоа што калциумот сам по себе не е доволен. Дури со помош на витаминот Д и фосфорот се градат здрави коски. Овие елементи прават и забите да се појаки и поздрави.
10. Вода
Здравата вода не ја чисти устата, така да слузта може да прави чуда во одложувањето на есенцијалните минерали назад во ослабнатите заби. Ако пиете доволно вода, забното месо е поздраво, а водата помага да се исперат заробените честички на храната која се разградува во устата и предизвикува лош здив и расипување на забите.Ова се 10 најздрави намирници за забите:
1. Зелен чај
Овој чај содржи полифеноли, антиоксиданси, односно билни спо

Пронајдете не на следниве мрежи: