Во акција на македонската полиција, вчера беше сузбиена улична криминална група која дилала дрога на улиците во Скопје, но и други градови во земјава. Со оглед на тоа дека МВР на овој случај работел подолго време, многу познати личности од градот се „налепиле“ кај Сеад Рахиќ-Сетко, еден од уапсените дилери, поранешен сопственик на дискотеки и кафулиња и брат на Есад Рахиќ – Еско, поранешен партеник од СДСМ, пишува „НетПрес“.Извори блиски до истрагата за „Нетпрес“ информираат дека клиентела на Сетко му биле познати лица од естрадата, сопственици на познати кафулиња и поимотни лица од Скопје. Начинот на работа бил едноставен. Одржувал лични контакти со своите муштерии, се нарачувала количина, а кокаинот го испорачувал лично тој, но понекогаш и преку останатите членови од групата. Се одело на лице место каде што барал нарачателот.
-Сетко се чувствувал многу сигурно затоа што имал контакти и со поранешен командант на единицата „Алфи“, но и поранешни службени лица во НТС во МВР. Имал клиенти и меѓу полицијата. Извори од истрагата велат дека ќе треба време да се заврши анализата и да се утврди целата шема на соработници, клиенти и контакти, пишува „НетПрес“.
Во однос на тоа од каде ја набавувал дрогата, според досегашните сомненија, станува збор за лице од Нови Пазар, познато на службите и поради контакти со извесни радикални структури.
-Двајцата браќа, Седа и Есад, се познати и по тоа дека биле и во друштво со Аце Циганот, Дилавер Бојку, Стајл Фрчкоски, Буцо Лазов и Роли Јакуповиќ. Уапсената криминална група која дилала дрога е составена од пет лица на возраст од 26 па се до 51 година. Истражен судија на сите петмина и одреди по 30 дена притвор, пишува „НетПрес“.
Според информациите на МВР групата набавувала и продавала наркотична дрога на нарко зависници од подрачјето на Град Скопје но и во други градови од државава.
Наркотичните средства дилерите ги продавале по цена од 3000 до 4500 денари за една паковка.Извори блиски до истрагата за „Нетпрес“ информираат дека клиентела на Сетко му биле познати лица од естрадата, сопственици на познати к