Кои чаеви се препорачуваат за успешно лекување на уринарните инфекции?!

Уринарните инфекции најчесто се јавуваат кај жените, кои ако навреме не се спречат, можат да доведат до влошување на здравјето. Сепак, постојат начини како да ја спречите нивната појава, и тоа на природен начин.

Кои чаеви се препорачуваат за успешно лекување на уринарните инфекции?!

Во прилог ви ги претставуваме овие билки и нивната моќ против уринарните инфекции:

Пченкарна свила
Во народната медицина пченкарната свила е позната како извонредно средство за лекување на воспaление на мочните канали. Освен тоа, познато е дека редовно пиење чај од пченкарна свила раствора камен и поттикнува исфрлање на песок од бубрезите.

Подготовка:
Една лажица сува пченкарна свила се додава во 3дл врела вода. Се вари 3 минути, се трга од оган, се покрива и се остава да се излади. Пијте барем трипати дневно по една шолја од изладениот чај.

Бреза
Од сите делови на брезата за лековити цели најмногу се користат листовите бидејќи имаат силно дејство на диуретик. Посебно се препорачуваат за лечење на бактериски инфекции на уринарниот тракт и на утерусот. Ако имате проблем со срцето или бубрезите, не пијте од овој чај пред да се консултирате со лекар.

Подготовка:
Една лажица суви лисја од бреза прелијте со една шолја врела вода, оставете да одстои десет минути, а потоа исцедете. Пијте четири шолји дневно, помеѓу оброци. По чајот, испијте една шолја вода.

 
Брусница
Брусницата е многу ефикасна за лечење на воспаленија и инфекции, но особено популарна стана откако се откри нејзиното благотворно дејство на воспаление на уринарниот тракт предизвикани од ешерихија коли. Оваа бактерија се закачува на ѕидовите на мочните канали, но благодарение на дејството на брусницата, се спречува нејзиното прикачување и се олеснува нејзиното исфрлање со урината.

Подготовка:
Во 0,5л вода варете 30г брусница додека не испари половина од водата. Додајте голема лажица мед и пијте три пати дневно по шолја од топлиот чај, по јадење.

Магдонос
Чајот од магдонос е одличен за чистење на организмот и исфрлање на вишокот течности, па затоа е одличен лек и за уринарни инфекции.

Подготовка:
Една до две лажици сув лист или корен од магдонос ставете во една шолја врела вода и оставете да отстои 10 минути. Исцедетего и пијте го додека е сѐ уште топол. Пијте по три шолји дневно, по јадење.

Увин чај
Ува или мечкино грозје е растение кое се користи за лечење на уринарни енфекции. Зелените листови имаат антибактериско дејство и така ги уништуваат бактериите и вирусите.

Подготовка:
Една лажица од сувите лисја прелијте со 250мл зовриена вода, оставете да отстои 15 минути, исцедете и испијте го без шеќер. Пијте три пати дневно од свежо подготвениот чај.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.