Кои градови ќе исчезнат од лицето на Земјата?

Американските експерти објавија кои градови ќе исчезнат од лицето на Земјата.
Њујорк, Мајами и Бостон се трите американски градови кои е сигурно дека ќе исчезнат од Земјата во следните 2.000 години. Причина за нивното исчезнување е глобалното затоплување кое во иднина ќе предизвика раст на нивото на морето кое ќе ги потоне овие големи американски градови. 
Престижниот магазин „Proceedings of the National Academy of Sciences“ (PNAS) пишува дека заради се поголемата емисија на јаглерод и глобалното затоплување нивото на морето за 100 години ќе нарасне за два метри, а за 2.000 години и до 10 метри.
Водечкиот автор на студијата, Андреср Леверман, вели дека очекува дека на секое зголемување на температурата од еден степен целзиусов, нивото на морињата да порасне за два метри. Сега се поставува прашањето со која брзина и до која мерка ќе се загрева атмосферата.
Во еден извештај кој го направи журналот „Nature Climate Change“ морето може да поресне и до четири метри, ако во следните години атмосферата се загрее за најмалку два степени Целзиусови.
Извештајот донесува мапа на која се прикажуваат подрачјата кои најмногу ќе бидат погодени од растот на нивото на морето, а во главно станува збор за крајбрежните области на истокот на американскиот континент, од Делавер до Флорида, и по должината на Мисисипи, Луизијана и Тексас.
Сите крајбрежни градови кои се наоѓаат на ова подрачје вклучувајќи ги и Њујорк и Бостон, во потполност ќе бидат под вода. Но, научниците предвидуваат дека поради послаби морски бури, овие подрачја многу порано нема да бидат населиви. Американските експерти објавија кои градови ќе исчезнат од лицето на Земјата.
Њуј

Пронајдете не на следниве мрежи: