Мислите дека партнерот ве изневерува? Бидете сигурни дека ќе ги избегнете овие три вообичаени грешки! Забележувате дека со него се случува нешто чудно… Дистанциран е и во последно време често е отсутен и физички и психички. Постојано го чепка телефонот и не дозволува да го пипнете телефонот или компјутерот.
Имате чувство дека има тука нешто…а дека тоа нешто е најверојатно друга личност…
Прва грешка: Реакција на сомнеж
Вашите емоции можат да излезат од контрола кога ќе се посомневате дека личноста што ја сакате ве изневерува. Можете да го изгубите своето достоинствено однесување и да „збеснете“.
Иако тоа е природна реакција кога се сомневате дека некој ви набива „рогови“, тоа воедно не е најдобра реакција.
Вашиот партер нормално ќе се брани и ќе рече дека сте луди. А, признајте дека така и се однесувате во моментот на реакцијата.
Што ќе добиете со тоа? Ќе излезе дека не сте нормални и параноични. При тоа немате цврст доказ за она што го тврдите.
На крајот партнерот ќе може да се брани дека не можел повеќе да го трпи вашето ненормално однесување.
Втора грешка: Соочување иако немате доказ
Можете да го обвинувате партнерот за неверство колку што сакате, но ако немате доказ, само ќе го направите понервозен, па дури и повнимателен во сокривањето на евентуалното неверство.
Кога ќе се соочите со партнерот, осигурајте се дека имате докази, така што нема да може да ви раскажува приказни дека измислувате работи.
Инкриминирачките мејлови и пораки се совршен доказ. Ако имате и фотографии од среќната двојка како се прегрнува па можеби и има секс, тоа е крај на дискусијата. Што понепристојно, тоа подобро.
Ако имате фотографии само од нивна заедничка прошетка, немојте да се расправате бадијала. На крајот ќе ве убедат дека се само пријатели.
Трета грешка: Соочување со третата личност
Многу момци и девојки кога дознале дека партнерот ги изневерува веднаш посакале да се спротивстават на третата личност. Погрешно! Тие не им направиле ништо лошо.
Да, знаеле дека партнерот не е слободен и дека не требало да бидат со него, но вашиот партнер донесол одлука да се впушти во врска знаејќи многу добро што прави и во што се впушта.
Вината е кај вашиот партнер и најдобро е да го пуштите да сфати што сака, но одлучете се и вие самите дали сакате да продолжите да бидете со таков партнер.
Било каков допир со третата личност само дополнително ќе го втурне вашиот партнер во нивната прегратка.Дистанциран е и во последно време често е отсутен и физички и психички. Постојано го чепка телефонот и не дозволува да го пипнете телефонот или ком