Кои холивудски ѕвезди се закитија со Оскар?

За најдобар филм  на 85 доделување на наградите Оскар во Лос Анџелес е прогласен „Арго“ за ослободувањето на шестмина американци при заложничката драма за време на Исламската револуција во Иран, на режисерот и продуцентот, познатиот актер Бен Афлек. Големо изненадување беше  што наградата му ја доделија првата дама на САД Мишел Обама и Џек Николсон, а во емотивниот говор тој истакна дека не е важно колку пати ќе паднете, туку е важно да станете.

На церемонијата во Кодак театарот во Лос Анџелес, златната статуетка за најдобра машка улога ја зеде Даниел Деј Луис за неговата брилијантно олицетворение на Абрахам Линколн во „Линколн“ на Стивен Спилберг. Овој Оскар кој го доби по трет пат и го посвети на својата мајка.
„Навистина не знам како сите тие ми се случија“ изјави тој.
Оскарот за најдобро оригинално сценарио го доби Квентин Тарантино за „Џанго разузданиот“.Најдобар режисер е Анг Ли кој го освои Оскарот во оваа категорија за филмот „Животот на Пи“. Овој филм ги доби Оскарите и за кинематографија и за визуелни ефекти. Со Оскар за најдобра женска улога беше наградена Џенифер Лоренс за филмот „И во добро и во зло“, за нејзината улога на млада вдовица, додека пак Оскарот за споредна женска улога отиде кај Ен Хатавеј за „Клетници“.

Во категоријата најдобра машка споредна улога, во која сите пет номинирани актери веќе имаат добиено Оскар, победи австриецот Кристоф Волц за улогата на забар и ексцентричен ловец на глави Кинг Шулц во „Џанго разузданиот“.
Оскар за најдобар долгометражен анимиран освои „Брејв“ од Пиксар. Оскарот за најдобра музичка филмска нумера отиде кај Адел за „Скајфол“ од истоимениот филм за Џејмс Бонд. Најдобар филм од неанглиско говорно подрачје е „Љубов“ на австриецот Михаел Ханеке.
Филмот „Линколн“ имаше најмногу номинации за Оскар, 12, а доби само два. „Животот на Пи“ 11, а „Клетници“ и „Во добро и во лошо“ по 8, додека „Арго“ имаше 7 номинации.
Свои настапи на доделувањето на Оскарите имаа Адел, Кетрин Зита Џоунс, Нора Џонс, Барбра Стрејсенд и други.За најдобар филм  на 85 доделување на наградите Оскар во Лос Анџелес е прогласен „Арго“ за ослободува

Пронајдете не на следниве мрежи: