Овновите ги очекува страсна љубовна авантура, Лавовите ќе уживаат првенствено во романтика, а Вагите следнава година брзо ќе се заљубат и веројатно ќе стапат во брак.
Овен
Немирните љубовни води и брановите на романтиката ќе ги разбуричкаат Вашите скриени и воздржани чувства, а динамичноста ќе ја одбележи новата календарска година. Тоа ќе Ви даде можност да откриете нова љубовна магија и да се ослободите од скриените кочници кои Ве сопираат. На крајот на март и во првата половина на април сликата на Вашето љубовно небо ќе биде исполнета со интересни случувања, бурни авантури и неочекувани пресврти, па ќе бидете заљубени како никогаш до сега. Во мај на еден пријателски однос ќе гледате со ново светло и ќе станете свесни за длабоките чувства и скриените страсти.Годината што е пред вас ќе внесе конфузија во Вашиот љубовен живот. Од Вас зависи дали искушенијата ќе ги прифатите како прилика за напредок . За да ја зацврстите врската или бракот, смирено решавајте ги проблемите во месец фебруари. Нема да имате поголеми проблеми доколку избегнувате кавги и љубомора. Од кавгите ќе излезете многу позрели и помудри, со многу повеќе способност за согледување на сопствената, но и туѓата слобода.Оваа година ќе Ви се допаѓаат личности кои Ви одговараат според сигурноста и положбата, можеби од Вашето деловно окружување. Таквата личност би можеле да ја запознете во втората половина од годината. Во фебруари и март се можни недоразбирања со партнерот или симпатијата, но тие проблеми се минливи и нема да Ве спречат да уживате во страствениот мај, кога ќе Ве чува Венера. Едно Ваше пријателство би можело да се претвори во силна љубовна врска во текот на март, а во текот на втората половина од годината, особено во јуни и септември би можела да разбуди романса со колега.
Рак
Пред Вас е година за паметење, која во Вашиот живот ќе донесе некој во кој одма ќе го препознаете како Ваша сродна душа. Во првата половина од оваа година би можеле да се заплеткате во мрежата на забранета љубов, но кога ќе увидите дека премалку добивате, а премногу давате, сами ќе најдете сили да излезете од таквиот однос. Март ќе биде месец на нова љубов. Во текот на втората половина од годината ќе имате прилика да ја запознаете личноста на Вашиот живот. Нејверојатно тоа ќе се случи во септември или октомври.
Лав
Ве чека возбудлива година која Вашиот љубовен живот ќе го исполни со романтични и длабоки чувства. Благодарение на позитивното влијание на Јупитер од јануари до јуни ќе Ви се пружи можност да уживате во примамлива мешавина од нежност и возбуда, авантура и нова љубов. Првата половина од годината може да Ви помине во преиспитување на себе си и своите потреби. Овој бурен процес ќе Ве натера да побарате зрела личност, можеби доста постара од Вас, која ќе Ви обезбеди сигурност. Пазете да не се заплеткате во љубовен триаголник или пак да сватаите дека љубов Ви пружи личноста која Ве храни со лажни надежи. Август и септември се Вашите љубовни месеци кога ќе влезете во врска со некој кој ќе Ве освои со својата интелегенција, а од нови љубовни прилики нема да бидете поштедени и во октомври и ноември, кога за жените од овој знак не е ислкучена бременост.После две годишното емотивно незадоволство кое го покажуваше Сатурн во Вага, оваа година ќе Ви донесе можност да создадете ред во љубовниот живот. Ќе имате роматични состаноци, врска на далечина, па дури и враќање на љубовта од младоста или соседството. Најдобро време за љубовни случувања е месец јануари, првата половина од мај, јуни и јули, кога ќе уживате во шарената лепеза на разбудени чувства. Во март, втората половина на мај, во септември или октомври внимавајте на вашата љубомора. Самците меѓу лавовите од ноември па до крајот на оваа година ги очекува љубов каква можеби никогаш не сте доживеале.
ВагаСо леснотија ќе запознавате нови луѓе и ќе склопите нови пријателства, па симпатии ќе наоѓате на различни места – би можеле да се загледате во нечии очи додека чекате автобус, во школскиот ходник или на патување. Некои ваги ќе пронајдат сродна душа во странец или пак во човек од соседн град, па Ве охрабруваме да бидете тип-топ во секоја пригода, посебно во текот на фабруари, мај и јули. Наглиот пресврт на врската во втората половина од август и септември може да Ве одведе до матичар. Ве предупредуваме и на лошите месеци, а тоа се јануари, крајот на март, првата половина на месец април и јуни, но сето тоа ќе трае само неколку дена.
Шкорпија
Сатурн ќе ви донесе безбедност, која ќе трае наредните две години. Љубовните обиди не секогаш се лесни како песна, но во февруари може да се откажете од една љубов и со упорност, до крај на јуни да започнете нова љубов која ќе ви биде загарантирана и ќе се чувствувате прекрасно во нејзина прегратка. Слободната Шкорпија во јуни ќе има можност да воспостави љубовен однос со некое лице од својата бизнис средина или училиште, а можено е да запознае некој додека е на одмор. Октомври и ноември че бидат инспиративни месеци, затоа што најверојатно ќе излезете пред регистратор и ќе стапите во брак полн со љубов и страст.
Стрелец
Најдобро време за судбиното да е периодот на мај, јуни и првата половина од август, кога конечно ќе паднете во искушение. Период од љубов ќе имате и во првата половина на оваа година. Сатурн ќе ве фрли во искушение во текот на годината, па многу од вас ќе ги расчистат сите сомнежи и ќе одлучат да бидат среќни со партнерот кои им даваат безбедност и многу љубов. Во јули, можни се летни авантури, или од пријателство да завршите во љубовна врска. Кон крајот на септември и почетокот на октомври може да се појави некоја поранешна љубов која ќе донесе само непријатности.
Водолија
Оваа година лесно ќе и се препуштите на љубовта, но треба да сте внимателни за на крај да не биде скршено нечие срце. Ако сте веќе во брак тогаш вашиот план е да донесете повеќе ентузијазам во вашата врска, а оние кои се сами ќе сакаат да најдат некој со кој ќе имаат убава врска. Најдобар период за љубов во текот на оваа година е првата половина, кога Јупитер ќе вмеша прсти и можно е да ве спои со сродната душа. Жените родени во овој знак, може да станат мајки, особено оние кои долго го посакувале ова. Додека љубовта цвета насекаде, сепак внимавајте на септември и почетокот на октомври, кога би можело да се појават кавги кои че донесат само непријатности во иднина.
Риби
За топла прегратка и многу љубов, февруари и март се идеални месеци кои само ќе донесат зајакнување на вашата врска, а можеби и предлог за брак. Јупитер ќе биде во знакот на рак, каде што можна е појава на плодност, па жените риби во наредната година можно е да станат мајки. На Јупитер и Венера и влијаат само позитивната енергија која ќе донесе многу промени на поле љубов, среќа, бременост, брак или нова врска во април, мај и јуни.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Овновите ги очекува страсна љубовна авантура, Лавовите ќе уживаат првенствено во романтика, а Вагите следнава година брзо ќе се заљубат и веројатно
Пронајдете не на следниве мрежи: