Раковите не можат без љубов, близнаците многу размислуваат…Огнени знаци
Луѓето родени во знакот на Овен, Лав или Стрелец , најчесто брзо се заљубуваат. Ако во некои луѓе најдат нешто што им се допаѓа, тие се подготвени за авантура. Сепак, тоа не значи дека тие се промискуитетни и дека тие не можат да имаат долга врска. Нив е тешко да ги „фатите“, но оние кои ќе успеат, ќе бидат наградени многу пати. Ако сакате некои од овие три огнени знаци да се заљуби во вас, и да остане во врска со вас, не ја ограничувајте нивната слобода, а за да го задржите огнот правете мали гестови на внимание.
Воздушни знаци
Близнаци, Вага и Водолија понекогаш премногу се мислат и затоа не паѓаат во љубов на прв поглед. Првин го анализираат лицето дали им се допаѓа и дали во иднина би можеле да останат во љубовна врска со него. Тие прават листа на „добрите и лошите страни“, а потоа одат во акција. Исто така, статусот, престижот и интелегенцијата на другото лице им е поважна од нивната физичка убавина, шарм и често финансиската состојба.
Копнени знаци
Стабилноста е клучниот збор за Бик, Девица и Јарец. Тие се заљубуваат во личности за кои ќе бидат сигурни дека нема да направат стресна ситуација. Тие се луѓе кои тешко се променуваат, не се подготвени за компромис, бараат другите да се прилагодат.
Водни знаци
Рак, Скорпија и Риби се заљубуваат најчесто од сите. Тие не можат да живеат без љубов, внимание, приврзаност и тоа во големи количини. Но, тоа не значи дека тие не се верни. Само не се обидувајте да си играте со нивните чувства, бидејќи тоа нема да го простат лесно. Ќе ви дадат уште една шанса, но веројатно не повеќе од тоа.Огнени знаци
Луѓето родени во знакот на Овен, Лав или Стрелец , најчесто брзо се заљубуваат. Ако во некои луѓе најдат нешт