Кои хороскопски знаци НАЈБРЗО се заљубуваат?- Воздушните знаци многу размислуваат, Водените веднаш се препуштаат…

Луѓе родени во знакот на Овен, Лав и Стрелец воглавно брзо се заљубуваат, но брзо и се ладат, додека Близнаци, Вага и Водолија понекогаш премногу размислуваат и затоа затоа не се заљубуваат на прв поглед.Раковите неможат без љубов, Близнаците прво за се добро ќе размислат…
Огнени знаци
Луѓето родени во знакот на Овен, Лав и Стрелец, воглавно брзо се заљубуваат, но и брзо се „ладат“. Доколку кај некоја личност најдат нешто што им се допаѓа, спремни се за авантура. Меѓутоа, тоа не значи дека се промискуитетни и дека неможат да остварат долга и квалитетна љубовна врска. Нив е само тешко да ги „фатиш“, но оние кои успеале ќе бидат повеќекратно наградени. Доколку сакате некој од оваа огнена тројка да се заљуби во вас, и да остане со вас во врска, не ограничувајте ја нивната слобода, а огнот одржувајте го со мали гестови на внимание.
Воздушни знаци
Близнаци, Вага и Водолија понекогаш премногу размислуваат и затоа не се заљубуваат на прв поглед. Прво ја анализираат личноста која им се допаѓа, а потоа се обидуваат да откријат колку тој некој е добар за нив, каква иднина би можела да ги чека во љубовниот однос со некој. Тие прават „за и против“ листа, па дури после тргнуваат во акција. Затоа можат да делуваат ладно и незаинтересирано во однос на останатите знаци. Исто така статусот, угледот и интелегенцијата на другата личност им е поважна од физичката убавина, шармот, а често и од материјалната состојба.

 
Земјени знаци
Стабилност е клучен збор за Бикот, Девицата и Јарецот. Тие се заљубуваат во личности за кои претпоставуваат дека нема да прават стресни ситуации, да „играт игри“, да се фолираат… Бавно се зањубуваат, но никако не треба да ги притискаш да се одлучат. Тоа се личности кои тешко се менуваат, не се спремни на компромис, бараат од другите да им се прилагодат. Имајте го тоа на ум доколку сакате да освоите личност која во зодијак е земјен знак.
Водени знаци
Рак, Шкорпија и Риби се заљубуваат најчесто од сите. Тие номожат да живеат без љубов, внимание, нежност и тоа во големи количини. Но, тоа не значи дека не се верни. Само немојте да си играте со нивните чувства бидејќи не простуваат лесно. Ќе ви дадат една шанса, но веројатно ништо повеќе од тоа.Раковите неможат без љубов, Близнаците прво за се добро ќе размислат…
Огнени знаци
Луѓето родени во знакот

Пронајдете не на следниве мрежи: