Кои се 6 ненормални верувања од древните народи?

Древните народи имале свои верувања кои според истражувањата се покажало дека сепак се точни.1. Ноевата арка

Веруваме дека не сте читале внимателно во библијата, но сигурно сте слушнале за човекот по име Ное и за неговата арка. Накратко приказната оди вака: Бог сфатил дека луѓето се злобни и решил да испрати огромен потоп на земјата. Пред тоа на добриот човек Ное, му рекол да направи голем брод, и на него да смести по два вида од сите животни на светот. Дождот паѓал непрекинато 40 дена, и сите настрадале. Освен Ное и животните.
Целата приказна навистина е интересна, оваа приказна ја има во разни култури, од културите на старите Грци па се до Вавилонската. Но сите имаат заеднички мотив, уништување на животот на земјата, но одбрани луѓе успеваат да се спасат заедно со животни, за да започнат нов поредок.

Научно објаснување:
Научното објаснување е малку пореално од оваа приказна, овој научен феномен е познат како ноевата арка. Односно, преку испитување на генетскиот материјал на животните, откриено е дека сите животни на земјава се во блиско сродство. Неколку илјади пати во историјата некои единки биле на работ на истребување, и само од 2 единки, настанале илјадници, размножувајќи го својот род. Овој феномен во науката е познат како “Ноевата арка”.
Што се однесува до луѓето, ситуацијата е слична. Се смета дека после ерупцијата на супервулканот Тоба во Индонезија на земјата останале само неколку илјади луѓе. Толку малку, што би можеле да се сместат сите во Титаник. Тоа се случило пред 75.000 години, и судејќи по тоа, сите ние (7 милијарди), потекнуваме од тие 5.000 херои кои ја преживеале ерупцијата.
Неодамна во Турција се пронајдени дрвени остатоци од многу стар брод, за кои се сомнева дека се остатоци од Ноевата арка. Научниците со крајни напори, се обидуваат оваа легенда да ја направат вистинска.

 
2. Вавилонската кула и јазиците

Од некои необјаснети причини луѓето од минатото обожавале да прават високи градби. Така, древните Вавилонци одлучиле да направат кула која ќе го достигне небото. Што навистина, го налутило Бога. Сметајќи му нему, тој се одлучил на еден чекор. Тој ги казнил мајсторите што ја правеле кулата со тоа што направил, тие да зборуваат на различни јазици. Неможејќи да се разберат мајсторите, кулата се срушила, и Вавилон исчезнал засекогаш. Тоа е мит.
Научно објаснување:
Лингвистите се просто фасцинирани колку оваа легенда е слична со теоријата на моногенеза. Водејќи се по неа, сите јазици настанале од само еден јазик. Идеата е логична, но и прилично контраверзна, бидејќи не веруваат сите во неа. Сепак, Алфред Тромбетти тврди дека со првите луѓе, се создал и првиот јазик. А потоа, со раселување на луѓето, тој се менувал во одредени региони сосема независно, со текот на генерациите. Бројните слични зборови во различните култури се доказ за оваа теорија. Но, дали знаевте дека мама се изговара исто на сите јазици? Зошто? Никој нема дури ни идеа за тоа.
Повеќе прочитајте на think.mk1. Ноевата арка

Пронајдете не на следниве мрежи: