Кои се 6-те придобивки доколку зборувате помалку, а слушате повеќе?!

Ние сме благословени со еден многу скапоцен подарок – зборувањето. Овој дар нам ни овозможува да ги изразиме чувствата, емоциите, идеите, плановите… со зборови. Но, внимавајте со секој дар може да има и по некој неочекуван резултат.Зборувањето и слушањето на избалансиран начин се императив во нашиот свет. Шумот на бескорисни зборови, кои многу од нас ги кажуваат во обид да добијат нечие внимание, создава густа магла, што придонесува навистина тешко луѓето да се разбираат едни со други. Иронично, колку повеќе зборуваме , толку помалку ние сме во можност да комуницираме.
Прочитајте кои се 6-те придобивки од тоа да зборувате помалку, а да слушате повеќе, и подобрете го вашиот начин на комуницирање со светот.
1. Размислете пред да зборувате
Толку очигледно, а сепак недоволно применето. Вдишете и издишете длабоко, пред да одговорите, без оглед на тоа колку е важно на брзина даго дадете вашиот одговор. Размислете дека за вашиот одговор има повеќе опции не само една. Мислејќи, вашиот одговор не само што ќе биде добро осмислен, туку и луѓето ќе бидат во можност полесно да ве исслушаат.
2. Слушајте, пред да избрзате со донесување заклучоци
Врз основа на само неколку зборови , или неколку реченици , ние често знаеме да создадеме перспектива за некои личности , која едноставно може да е неточна , бидејќи ние всушност не сакаме да ја ислушаме навреме. Слушањето не значи само давање време на другиот да го заврши неговиот говор, туку  исто така и остварување односно присвојување на неговата перспектива. Слушањето е средство за да можеме да  гледамена работите од гледна точка на соговорникот.
3. Ограничете се на она што е најважно
Кога сакате да напишете некој Фејсбук статус или да оставите пост на времепловот на Твитер, сте размислиле ли дека тоа е само уште еден потег  кој можеби е неважен и никој не го интересира…Дали некогаш сте размислиле дека она што сакате да го кажете и не е така важно? Понекогаш тишината навистина е злато.
Премногу често, причината е во тоа што ние зборуваме едноставно само за да се слушне нашиот глас, без разлика дали го правиме тоа гласно, со пишување на пораки или ажурирање на нашите Твитер профили. Замислете колку би бил  тивок светот  ако ние можеме да се ограничиме да го кажуваме само она што е навистина важно.

 
4. Запознајте се со другите подобро
А тоа значи правење  на нештата заедно, не само зборување за нешта. Станете  од каучот и направете краток тренинг по јога, гледајќи го зајдисонцето заедно, тивко, играјте игра или одете на ручек. Сите овие се активности кои, за разлика од зборувањето пружаат  уживање во животот и исто така имаат , многу важен исход: тие помагаат да се разберете со другите луѓе подобро.
5. Создадете подобра реалност Кога се зборува помалку , се прави повеќе. Тоа е очигледно. Ако можете да се воздржите од зборување  5 минути на ден, во еден месец ќе добиете 30 дена x 5 минути = 150 минути, 2 и пол часа за себе. Што би направиле со ова време? Она што го сакате, се разбира. Можете да одите на фитнес , да готвите за вашиот брачен другар, да се занимавате  во гаражата, да тренирате, да му помогнете на соседот… . Додека вашата цел е да го направите светот подобро место за живеење , правењето на нешта  секогаш ќе го победат зборувањето. 6. Пишувајте повеќе
Тоа е уште една форма на изразување себеси, но пишувањето има и неколку придобивки. Ако пишуваш, ќе имаш поголема одговорност. Пишаните зборови траат повеќе од изговорените зборови. Исто така, ќе го исчистите вашиот ум, без помош на некој друг. Пишувајте во весник или блогирајте, но  следите го број еден правилото на оваа листа, ( “Размисли пред да го направиш тоа “). И кога пишувате , се случува нешто многу интересно: ќе биде принудена да се  “слушате” самите себе. Ќе бидете изложени на вашите сопствени мисли и емоции. Ќе се запознаете себе си подобро. Или, да бидеме попрецизни , ќе почнете да откривате кој сте всушност вие.Зборувањето и слушањето на избалансиран начин се императив во нашиот свет. Шумот на бескорисни зборови, кои многу од нас ги кажуваат во обид да доб

Пронајдете не на следниве мрежи: