Детските мечти за патувањата ширум светот кај возрасните и сериозни мажи често се заменуваат со многу порационални – одмор на море со саканата, прошетка низ комфортните европски улички или викенд со децата во Дизниленд.Но, на секој маж добрдојдени ќе му бидат следниве три дестинации за да го рестартира темпото на животот и да се врати во детските сништа! На припадничките на понежниот пол ќе им биде потребна дополнителна доза на адреналин и авантуристички нагон за да го придружуваат својот партнер.
Патување во камениот век
Владата на Индонезија многу ретко издава дозволи за посета на дивите племиња во Нова Гвинеја со цел да се спречи влијанието на цивилизацијата врз автентичната култура на дивите луѓе.
Не станува збор за шоу во кои актерите се облечени како дивјаци туку за вистински племенски заедници во кои луѓето се исцртани во разни бои по лицето и телото и се облечени само во здолништа од лисја.
Самостојното истражување на тие региони е неизводливо, но затоа можете да се приклучите на мисиите кои одат да им помогнат.
Ќе останете фрапирани од глетката на недопрената природа, необичните ритуали и воопшто автентичниот здив на дивината. Вакавата експедиција е вистински предизвик за еден силен маж кој некогаш се играл како индијанец.
На лов во сафари
Ако до средината на минатиот век зборот сафари бил тесно поврзуван со опремата за лов и директното стрелање во животните денес се е поинаку.
Современата прошетка низ афричките пустини подразбира возење со џип низ перифериите со диви животни, но стрелањето на една грациозна антилопа чини многу скапо.
Главата на една антилопа ќе ве чини околу 200 долари, додека за слон или лав минималната цена е 5 000 долари.
Боцвана е вистинско место за реализирање на првобитните машки инстинкти да се истакнат како ловџии.
Арктички авантури
Лапонија е регион кој е најдостапен преку Финска и Шведска. И покрај тоа што зимата тука трае од октомври до април, најидеален период за авантури е од 23 февруери до 8 март кога се зголемува денот, температурата е за некој степен повисока и сеуште има снег во големи количини.
Токму тука имате можност да се возите на санки влечени од големите синооки хаски, да одите по замрзнатите езера, да сечете дрва за огрев, да се релаксирате во финските бањи и да пиете природен чај.
Х.Н.Но, на секој маж добрдојдени ќе му бидат следниве три дестинации за да го рестартира темпото на животот и да се врати во детските