Кои се подобри – генерациите од 90-тите или денешните генерации?

Денешните генерации по многу работи се разликуваат од оние од 90-тите години на минатиот век.
На пример:
1. децата од 90-тите години со нетрпение чекаа да почнат „Умни глави“, „Бушава азбука“, „Во светот на бајките“, македонските народни приказни и многу други серии ои во тој период беа актуелни, како за децата од тие генерации така и за возрасните.
Наспроти нив, децата од денешните генерации, со нетрпение чекаат да започнат турските серии, „Големиот брат“, „Преживеани“ или други реални шоуа, кои во 90-тите години воопшто не постоеа.
2. Децата од 90-тите гледаа филмови на видео касети, некои си ги купуваа, а некои ги изнајмнуваа во видеотека.
Денешните генерации филмовите ги симнуваат од интернет преку торент, со чест на исклучоци кои сеуште сакаат да гледаат филмови на ДВД.
3. Децата од 90-тите чекаа да дојде викенд за да одат со нивните родители во Луна парк и да се визат на рингишпилот.
Децата од денешните генерации, остануваат дома пред компјутер и со нетрпение чекаат да излезе нова компјутерска игра, за да може да играат по цели денови.
4. Децата од 90-тите ги паметат игрите како брканица, цигари, жмурка, џамлии, скокањето на ластик, јаже, граница, камај камај, плочка и многу други друштвени игри.
Децата денес, се поретко излегуваат надвор да играат, па најчесто се пред компјутер и играат игри со своите другари или одат кај некој дома
5. Во 90-тите децата најмногу пари трошеа на флипери и сладоледи, а денесшните генерации трошат за цигари и пиење.
6. Децата во 90-тите седеа на фиксен со саати и разговараа со своите симпатии и другари, а денес со напредната технологија повеќе висат на мобилен и на интернет кој е достапен на секој чекор.
Покрај овие споредби на генерациите од 90-тите и денешните генерации има уште многу други примери кои јасно ја покажуваат разликата помеѓу генерациите.
Секоја генерација си носи свои предности и слабости, и секое дете без разлика на која генерација припаѓа секогаш ќе се сеќава на работите кои ја одбележуваат неговата генерација и придонеле неговото детство да биде убаво и весело.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Денешните генерации по многу работи се разликуваат од оние од 90-тите години на минатиот век.

Пронајдете не на следниве мрежи: