Стравот е ментален феномен кој луѓето ги спречува и ги ограничува да пробаат нови работи, да стекнат нови искуства и да ја напуштат зоната на безбедност.Еве кои фобии се врзани за сексуалниот однос, кои се кријат во женскиот ум, поради кои тие не можат да му се препуштат на задоволството и да доживеат оргазам.
Страв од одбивање
Жените, исто како и мажите имаат проблем со самодовербата. Не се чувствуваат доволно привлечни, а овој страв може да биде толку изразен да не можат нормално да комуницираат со спротивниот пол, ниту да започнат врска и да влезат во сексуални односи. Се плашат дека не се доволно згодни, убави, сексипилни, многу жени не се задоволни со големината на своите гради, целулитот, стриите…
Страв од понижување
Многу жени на почетокот на својот сексуален живот веруваат дека мажите во полни односи влегуваат само за да ги задоволат своите потреби и да се забавуваат.
Откако жената на мажот ќе му го подари она највредното што го поседува, од него очекува љубов и приврзаност. За жал, многу мажи ќе ги напуштат жените по одредено време кое ќе го минат заедно, оставајќи ги во солзи и со чувство на срам и страв од понижување.
Страв од непознато
Стравот од непознатото е уште една препрека со која се соочуваат жените. Тие се секираат дали ќе дознаат како партнерот не може да ги задоволи и дека ќе ги разочара во текот на сексот. Идејата дека нивниот партер има некоја еректилна дисфункција или мал пенис ги загрижува жените многу повеќе од што се мисли.
Сите стравови можат да се надминат со личен труд и внимателен маж.Вистинскиот маж никогаш нема да дозволи жената самата да го носи ова тешко бреме на своите плеќи, туку ќе и помогне со љубов, поддршка, разбирање и константна комуникација.
Ова се клучни работи за сериозна и долготрајна врска и здрав сексуален живот.Еве кои фобии се врзани за сексуалниот однос, кои се кријат во женскиот ум, поради кои тие не можат да му се препуштат на задоволството и да доживе