Кои се причините за опаѓање на вашата коса?

Сите причини за губењето на косата:Во есен, храна или бременост. Без разлика колку ви е долга или кратка, сина или црна, за повеќето жени таа означува многу повеќе од топка влакна – таа претставува нејзината убавина, а опаѓањето може да биде поради хормони, стрес и лоша исхрана. Нормално е дека косата повеќе паѓа во есен.Зголемената изложеност на сончева светлина во текот на летото го поттикнува растењето на косата во топлите месеци од годината, а поради тоа опаѓањето е зголемено  во есен. Во октомври и ноември се формираат нови фоликули кои ќе ја заменат старата коса, а таквата фаза обично трае околу шест недели. Во просек, се губат околу 30 до 80 влакна на ден, а се над овие бројки се смета за прекумерно губење.
Косата се проретчува во 30-те
На секој скалп се наоѓаат околу 100.000 влакна, а секоја фоликула произведува едно влакно кое расте 1,2 см во еден месец, а еден век на растење изнесува од две до шест години, потоа паѓа. Потоа го заменува ново влакно, а во секој момент 85 отсто од влакната на темето растат, додека остатокот мирува. На возраст од 30 години, 50 отсто од жените ги забележуваат првите знаци на проретчена коса, покажуваат истражувањата.
Хемиски причинители при опаѓање
Агресивните третмани за белење, пеглање, минивал, како и агресивното четкање на влажна коса може да предизвикаат до побрзо губење на косата. Потребно е да избегнувате и јаки шампони како и честото сушење на косата. Докажано е дека одредени фризури, како стегната плетенка, коњска опашка или пунџа, ја нарушуваат циркулацијата на скалпот. Покрај тоа предизвикуваат и пукнатини на косата.

Апчињата за контрацепција се можна причина за опаѓање
Губењетио на коса е помалку позната последица од користење на апчиња за контрацепција. Хормоните кои ја потиснуваат овулацијата делуваат со проретчување на косата кај 10 отсто од жените, особено кај оние со генетски предиспозиции за губење на коса.
Ригорозни диети              
После губењето на десет колограми, вообичаениот резултат што се случува во следните три до шест месеци е зголеменото губење на коса. Тоа е особено честа појава при ригирозната исхрана, како што е не внесување на протеини, вишок на витамин А. Доколку слабеете постепено и воведувате здрави навики и режим на исхрана, нема да дојде до пашање на вашата коса.Зголемената изложеност на сончева светлина во текот на летото го поттикнува растењето на косата во топлите месеци од годината, а поради тоа опаѓање

Пронајдете не на следниве мрежи: