Мажите понекогаш не мислат дека она што ќе го кажат или направат, дамите може да ги доведе до лудило. Неодамнешните истражувања покажаа што е она што најмногу им смета на жените.
Мажите често имаат тенденција да ги излудат жените. Нивното (не) вклучување на мозокот во одредени ситуации, како и работите кои се во можност да ги направат и изговорат, често знаат да доведат една жена до точка на вриење. Една неодамнешна студија што беше направена покажа што е она што навистина ги вади од такт жените од страна на мажите.
Дури 26 проценти од жените како најлошо нешто што можат да го слушнат е прашањето “Кога е терминот за породување”, додека тие воопшто не се бремени. Дури 17 проценти од жените се навредуваат кога мажите на незгодното прашање „Дали ми е голем задникот“, генерално, без зла намера, одговараат со “ДА”.
Исто така, една од седум жени не може да издржи кога мажите и велат дека изгледа уморна, а дури 12 отсто од испитаниците побеснуваат кога нивната посилна половина вели: “Смири се, драга.”
Единаесет проценти од жените не можат да толерираат кога еден маж и нуди помош при паркирање, а осум проценти од жените се иритираат кога мажот им вели дека се повеќе личат на неговата мајка.
Во забранетите извештаи се наоѓа и добро прочуената фраза: „Ти реков”.
На деветтото место е изјавата „Не е паметно тоа да го јадеш“, и на десеттото место е: „ Немаш работа во кујната?”.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Мажите понекогаш не мислат дека она што ќе го кажат или направат, дамите може да ги доведе до лудило. Неодамнешните ис