За списите и одредени дејствата во управните работи кај органите на државната управа,органите на општината, органите на општините во Градот Скопје и органите на Градот Скопје се плаќаат административни такси. Административната такса се наплатува според таксена тарифа која е уредена во Законот за административните такси.

Таксената обврска настанува за:
1) поднесоците – во моментот кога се предаваат, а за поднесоците дадени на записник – кога записникот се составува;
2) решенијата, дозволите и други исправи – во моментот на поднесувањето на барањето за нивното издавање;
3) управните дејства – во моментот на поднесувањето на барањето за извршување на тоа дејство; и
4) решенија, дозволи и други исправи во моментот на издавање на истите, и за поднесоците за нивно издавање кога се поднесуваат во електронски облик.
Таксата се плаќа во моментот на настанувањето на таксената обврска, ако за одделни случаи не е поинаку пропишано, а доколку со таксената тарифа е пропишано таксата да се плаќа според вредноста на предметот, како основица за одмерување на таксата се зема вредност означена во поднесокот или во исправата.
Кои субјекти се ослободени од административна такса прочитајте на mkd-news.comЗа списите и одредени дејствата во управните работи кај органите на државната управа,органите на општината, органите на општините во Градот Скопје