Нема овде да полемизираме за влијанијата кои ги имаат билните чаеви на човековото здравје. Туку ви претставуваме неколку чаеви кои може да ги подготвите веќе следното утро и да ги пиете по цел ден, ладни, наместо преработени пијалаци.Чај од анасон
Среќен е оној кој го сака ароматичниот вкус на анасонот затоа што овој чај може да го пие колку сака, а чајот е вкусен, благ и пријатен дури и кога не е засладен. Не само што ја гаси жедта, туку и ќе ве прочисти, благотворен е ако патите од надуеност, гасови и грчеви. Некои експерти тврдат дека од него „мириса целото тело“. Зрната од анасон се варат неколку минути, а смеат да го пијат и мали деца. Овој чај смирува, а кому денес тоа не му е потребно…
Компот од јаболка
Почнува сезоната на јаболката и се полесно е да се најдат домашни, кои не се прскани и во нивната кора остануваат и се кријат многу витамини. Исецкајте ги јаболката на поголеми парчиња, секако заедно со кората и малку проварете ги, а колку подолго овој сладок компот одстои, сокот ќе биде природно поблаг. Малку мед и лимон и во овој сок може да уживате цел ден – вашиот дух и вашето тело ќе ви бидат благодарни. Истото може да го направите со сливи, круши, малини…
Повеќе на najadise.mkЧај од анасон
Среќен е оној кој го сака ароматичниот вкус на анасонот затоа што овој чај може да го пие колку сака, а чајо