Доколку сте припадници на посилниот пол, не значи дека не треба да се грижите за својот физички изглед помалку од жените, туку може да украдете неколку трикови за убавина од нив кои ќе ви користат. Ставајте крема на лицето и рацетеСекој ден, наутро и навечер ставајте крема на лицето и рацете по можност со заштитен фактор.
Мијте ја косата со регенераторНе само што ќе ви биде помека на допир, побрзо ќе расте и ќе делува погуста, а на жените тоа им се допаѓа.
Негувајте ги стапалатаБарем еднаш неделно ставајте крема за пети бидејќи не само жените треба да имаат негувани стапала.
Користете пилинг за тело и лицеБидејќи секоја кожа заслужува да се исчисти од мртвите клетки на површина кои ја прават груба на допир и не дозволуваат правилно да функционира.
Обликувајте ги веѓитеНе слушајте ги гласините дека само хомосексуалците ги средуваат веѓите, во денешно време секој маж делува поубаво доколку има средени и обликувани веѓи.
Користете парфемИсто како што секоја жена без парфем е жена без иднина, така и секој маж без парфем е маж без иднина. Користете парфем во секоја прилика макар и да се работи за одење до продавница.Ставајте крема на лицето и рацетеСекој ден, наутро и навечер ставајте крема на лицето и рацете по можност со заштитен фактор



