Во Македонија постои една група на занаети кои ги нема во образовниот систем, а воедно се и дефицит во државата. Занаети како касапи за работа во месната индустрија, специјализирани работници за кожарската индустрија, млери, монтери, пекари, одржувачи на машини за текстилната индустрија, се само дел кои недостасуваат во образовниот систем во Македонија, пишува Дојче Веле.
Некои од овие занимања воопшто и не постојат во образовниот систем во земјата, констатира економистот Ангел Димитров, претседател на Организацијата на работодавачи на Македонија.
„Единствен начин да ги пополниме овие работни места е преку преквалификација на работната сила. Тоа во последниве години го прави Агенцијата за вработување, но тоа е недоволно за да да се задоволат сите потреби на работодавците кои мака мачат поради недостиг на овие кадри“, изјави Англе Димитров за Дојче Веле.
Работодавачите ја нагласуваат потребата од вработување работници со работно искуство, како и стекнати дополнителни знаења и вештини. Тие воедно предлагаат до Министерството за образование и наука (МОН), средношколците кои учат за дефицитарни занимања задолжително да имаат практична настава.
„Недостатокот од работно искуство и дополнителни вештини претставува основен проблем со кој се соочуваат работодавачите при пополнување на слободните работни места“, потенцира Димитров.
Покрај тоа Македонија страда од дефинцит на инсталатери, електромонтери, фармацевти и градежни техничари, пишува Дојче Веле.
Дополнителен проблем кај овие професии е што веќе постоечкиот кадар ја напушта земјата, а причина за тоа е најчесто ниските примања.
Неусогласеноста помеѓу образовниот систем и потребите на пазарот на труд е причина многу од неопходните занимања во Македонија воопшто да ги нема во образовниот систем, а дефицитарните кадри, поради повисоки плата, најчесто си заминуваат во странство.
Електроинсталатер и монтер на водоводна и гасоводна инсталација, гастрономи, медицински персонал, градежени техничари и работници, се само дел од занимањата кои според информацијата на Агенцијата за вработување на Р. Македонија за ДВ, „се секогаш барани струки на пазарот на трудот“.Занаети како касапи за работа во месната индустрија, специјализирани работници за кожарската индустрија, млери, монтери, пекари, одржувачи на машин