Кои ѕвезди не размислуваат пред да одговорат? Девет „славни“ изјави од познатите

Иако имаат свој потпарол или цели тимови за односи со јавност, славните ѕвезди во интервјуата често се „губат“ и изговараат работи кои потоа ја засмејуваат публиката со години. Бритни Спирс: „Никогаш не сум имала потреба да ја посетам Јапонија. Едноставно затоа што не ми се допаѓа да јадам риба, а знам дека таму е многу популарна во Африка“ – рекла таа на едно интервју при нејзината посета на Јапонија.
Кристина Агилера: „Каде ќе се одржува оваа година Канскиот фестивал?“
Камерон Дијаз: „Ја забележував гравитацијата од кога бев мала.“

Дејвид Бекам: „Дефинитивно сакам мојот Бруклин да биде крстен, но не знаеме која вера да ја одбереме.“
Мараја Кери: „Кога и да видам на телевизија колку деца ширум светот гладуваат, ми доаѓа да заплачам“, рекла таа и додала – „И јас би сакала да бидам така слаба, но не со толкаво гладување до смрт“
Канје Вест: „Нема многу да зборувам за реинкарнација, но еднаш кога бев во една продавница на Гучи во Чикаго, тоа беше најблискиот начин да се почувствувам како да сум дома“.

Ким Кардашијан: „Денес разговарав со девојка која има рак. Ми зборуваше за тоа колку и е тешко и дека сега дознала кои и се вистинските пријатели. Си помислив и јас се чувствувам токму така“, рекла старлетата во изјава по разговорот со болна девојка.
Џастин Бибер: „Не знам многу од политичарите. Но она што се случува во Кореа е многу лошо“, вака изјави пејачот пред неколку денови за ситуацијата во Киев.
Гвинет Палтроу: „Подобро ќе пушам џоинт отколку да јадам сирење од конзерва.“Бритни Спирс: „Никогаш не сум имала потреба да ја посетам Јапонија. Едноставно затоа што не ми се допаѓа да јадам риба, а зн

Пронајдете не на следниве мрежи: