Кој би им дал по 40 години на сексапилниве актерки?

Според неколку психолошки истражувања е докажано дека жените се сè посексипилни и по авантуристички настроени на сексуално поле како стареат.
Причините за тоа се претпоставува дека се искуството и самодовербата. Како и да ја објасниме оваа појава, мажите отсекогаш ги привлекувале постари жени кои изгледаат совршено и над 40 години. Кога сме кај тоа, еве 10 актерки кои доколку не знаете колку години имаат, нема да верувате кога ќе дознаете.

За прва ја одбравме неодоливата Џенифер Анистон, која за свои 44 години изгледа феноменално, а е целосно природна. Помеѓу среќниците кои ја имаа честа да се забавуваат со неа влегуваат актерот Бред Пит, пејачот Џон Маер и актерот Винс Вон.

Кармен Електра ја сместивме на втората позиција бидејќи е жена која успева обично парче облека да го претвори во привлечно и секси. Таа има 41 година, а исто изгледа како пред 10 години. Ја знаеме по многуте филмови кои ги зачини со нејзиното убиствено тело.

За Хајди Клум мислиме дека нема ни потреба од објаснување зошто се најде на оваа листа. Мултиталентираната Хајди има 40 години, и е супермодел, деловна жена, дизајнер, мајка, а понекогаш и актерка. Зарем таа не е најубавиот ангел на Victoria’s Secret?

Камерон Дијаз е едноставно посебна. Таа е толку полна радост, секогаш насмеана, будалеста, а сепак неверојатно секси. Дали сега на 40 години или уште од почетокот на нејзината кариера, никогаш не ни било важно дали носи фармерки и маичка или секси фустан, бидејќи во секој случај изгледа неодоливо.

Гвинет Палтроу е една од оние жени што како стареат стануваат сè поубави и поубави. Таа е од оние кои имаат скриен сексапил. И, иако секогаш е скоцкана и изгледа беспрекорно, нејзиниот секси поглед секогаш ни го одзема вниманието. Гвинет има 40 години и е мајка и сопруга на познатиот фронтмен на Колд Плеј, што исто така ја прави една од најсексапилните жени.

Дека Хали Бери има 46 години ќе треба да не убедувате до бесконечност и пак не би ви поверувале. За неа нема потреба од никаков коментар, едноставно погледнете ја.

Иако Кејт Бекинсејл ќе навлезе во 50 тите години овој јули, вреди да се стави помеѓу оние актерки кои изгледаат феноменално за нивните години. Британката дефинитивно ќе ја паметиме по улогата на вампирка во Underworld, бидејќи тешко е да се заборави толку привлечна вампирка.

Уште еден ангел на Викторија се најде на нашата листа. Тајра Бенкс ќе наполни 40 години овој декември, а веќе била лицето на компании од McDonalds до Ives Saint Laurent. Таа е дефинитивно едно од најубавите црнкињи кои прошетале по модните писти.

Шенон Елизабет се најде на нашата листа веднаш откако се соблече по долна облека во филмот Американска пита. Оттогаш, па до сега таа е прерасната во сексапилна жена со истото совршено тело.  

Најубавото за крај. Многумина ќе се сложат, Софија Фергара е една од  најпосакуваните актерки на 40 години. А, во голем дел причината за тоа е нејзиниот беспрекорен колумбиски изглед.Според неколку психолошки истражувања е докажано дека жените се сè посексипилни и по авантуристички настроени н

Пронајдете не на следниве мрежи: