Кој доби годинава „Златна Малина“? Единственото признание од кое актерите бегаат

Таткото и синот, Вил и Џејден Смит “триумфираа” синоќа на доделувањето на наградите Златна Малина, неблагодарни признанија кои се доделуваат за најлошите холивудски достигнувања во изминатата година. Смит постариот и помладиот добија награди за најлоша главна и споредна машка улога во научно-фантастичниот филм: “После земјата “.
Малина за најлош филм освои комедијата “Movie 43 “, во која се појавуваат многумина од големите ѕвезди како Кејт Винслет, Ричард Гир, Хали Бери и Наоми Вотс .
Тајлер Пери ја донесе наградата за најлоша женска улога во комедијата “A Madea Christmas”, додека Ким Кардашијан е прогласена за најлоша споредна женска улога за улогата во филмот “Tyler Perry’s Teptation”.
Иако имаше дури осум номинации, комедијата на Адам Сендлер “Постарите 2” успеа да не добие ниту една Малина. Сендлер, кој инаку влезе во аналите на Златна Малина со рекордни 20 номинации и освоени 10 од нив.

Дизниевиот “Осамениот ренџер” со Џони Деп во главната улога, еден од минатогодишните неуспешни високобуџетни остварувања, ја освои наградата за најлош римејк.
Златни малини се доделуваат од 1980 година како еден вид на пародија на Оскарите.
Добитниците обично не се појавуваат на церемонијата. Исклучоци се Хали Бери и Сандра Булок, кои лично го зеле својот трофеј испрскан со златен спреј. Смит постариот и помладиот добија награди за најлоша главна и споредна машка улога во научно-фантастичниот филм: “После земјата “.
Малина з

Пронајдете не на следниве мрежи: