„На избирачките места во Куманово, најчесто ќе влезеше еден човек од албанска етничка заедница и на глас ќе изговореше „катр ди“, што значи четири, два, т.е. 42“, објаснува член на избирачкиот одбор од оспорените избирачки места во Куманово.
Во недела наутро на изборниот ден, за избирање на градоначалник на Куманово во вториот круг, во кумановските населби Тоде Мендол и Бајрам Шабани се било нормално и изборниот процес почнал на време.
Сите избирачки материјали биле доставени до сите избирачки места на време. Гласањето започнало во 7 часот. Се одвивало мирно и демократки се до попладнето.
Во три избирачки места ситуацијата станала навистина драматична кога девет лица се обиделе да го остварат своето гласачко право, меѓутоа останале стаписани кога нивните имиња веќе биле заокружени на гласачките списоци. Некој друг гласал во нивно име.
Оштетените граѓани без да кренат поголема врева на избирачкото место, се упатиле кон полицијата за да го пријават случајот. Оваа пријава придонесе истражен судија да се вклучи во потрагада за да се дознае кој гласал наместо деветте избирачи.
Истражниот судија Зоран Соларски, во присуство на претставници на ОБСЕ и на општинската изборна комисија направил увид во списокот за да дознае кој гласал на местото на оштетените граѓани и кој заокружил дека овие граѓани веќе го оствариле своето право на глас. Притоа биле отворени и гласачките кутии. Истражниот судија Соларски пред присутните не откривал детали од тоа кој ја поднел кривичната пријава и оставил простор од неколку дена за понатамошни дополнителни изјави поврзани со овој инцидент на гласачките места во Куманово.
Ова е прв пат истражен судија да прави увид во избирачки список и да води истрага за кривично дело поврзано со гласање, додека сеуште не е затворен изборниот процес.
Трите избирачки места се 1040, 1036, 1063, каде што вкупно имало запишано 1.600 избирачи, кои претежно се Албанци. Членови на овие избирачки места откриваат дека за овој настан не биле составени забелешки во конечните записници.
Професорот Стефан Буџаковски од Правниот факултет на ФОН, смета дека доколку постои опасност од елиминирање или криење докази, изтражниот судија има право да бара увид или евентуално да одземе избирачки список ако оцени дека треба да се реагира.
„Од правен аспект, сметам дека постапил правилно, што побарал само увид, но не и одземање на избирачкиот список“, вели професорот Буџаковски.
Покрај тоа професорот апелира до комисијата на ДИК повеќе да се грижи за регуларноста отколку за интересот на партиите.
„Спорно е што се бара увид, кога сеуште траат приговорите, требаше по приговорите да се дозволи чепкање по избирачкиот список. Тоа требаше да се направи кога ќе завршат приговорите затоа што немаше сомневање дека доказите ќе бидат уништени, бидејќи изборниот процес беше во тек“, вели поранешниот прв човек на ДИК, Александар Новаковски.„На избирачките места во Куманово, најчесто ќе влезеше еден човек од албанска етничка заедница и на глас ќе изго