Без разлика дали верувате во хороскоп или не, знаците навистина имаат влијание на вашата смешна и забавна страна. Прочитајте колку сте духовити според вашиот хороскопски знак.Овенот има груба смисла за хумор, па често е бесчувствителен во своите смешни моменти. Најмногу сака војнички хумор.
Бикот е главен за „мрсни“ вицови, а често зане и да претера со истите. Може еден виц да го кажува со години и години.
Близнаците се најголемите шегобијци. Знаат добро да имитираат луѓе, скокаат од дијалект на дијалект и се обожаватели на англиски хумор, особено Монти Пајтон.
Ракот сака топли интерни шеги. Често се шегува и на своја сметка. Склон е кон вицови поврзани со родниот крај и општеството (за Мали Џокица, Мујо и Хасо…)
Лавот е роден шоумен. Кога го забавува друштвото тешко му е да престане. Сака да раскажува анегдоти за познати личности, а ако му се допадне некој виц, си го сместува во својата колекција.
Девицата се смее на интелектуални шеги, кои во себе носат повеќе пораки и се вистинска егзибиција за нејзиниот интелект.
Вагата е склона кон игри со зборовите и двосмислени изреки, но мрази вулгарни вицови.
Скорпијата е опасен фан на црн хумор и приказни од спалната соба. Успешноста на своите шеги ја оценува по шокираноста на луѓето. Таа користи сарказам кога сака да ги удри луѓето таму каде најмногу ги боли.
Стрелецот повеќе навредува одошто се шегува. Тој е сатиричар, па никогаш не се воздржува преку хуморот да искоментира нешто. Сака вицови за странци (Си биле Американец, Британец и Македонец…)
Јарецот претежно е сериозен и вкочанет, а кога се шегува, тоа го прави ладно и безживотно. Не сака шеги на негова сметка, особено вицови за скржавост (за Шкоти, Власи, Егејци…) бидејки тие често се однесуваат на нив.
Водолијата сака едноставни топли шеги, чија задача е повеќе да ги зближат луѓето и да создадат пријателска атмосфера.
Рибите на ова поле се малку загубени. Тие не ги паметат шегите на пријателите, а ако ги заборават своите, се добри импровизатори.Овенот има груба смисла за хумор, па често е бесчувствителен во своите смешни моменти. Најмногу сака војнички хумо