КОЈ Е НОВИОТ КРВНИК НА ИСИС? Русин без маска одзел живот на сонародник!

Новиот Џихади Џон, којшто му го одзема животот на 23-годишниот Магомед Касиев, а кој притоа и го разоткри своето лице, е Русинот Анатолиј Земљанка.Џихади Влад (28) е по потекло од Сибир. Потекнува од семејство од Нојабирск и е поранешен боксер кој за време на студиите тренирал и карате.
Неговите пријатели од факултет велат дека во еден момент стапил во контакт со исламистите и ја сменил верата од православна во муслиманска. Откако станал муслиман, Анатолиј ја основал радикалната група Ишкан. Русија издаде потерница по него.
Магомед Касиев бил руски шпион којшто наводно склопил договор со руската тајна служба ФСБ откако полицијата го фатила со дрога. Бил пратен во Сирија, од каде наводно праќал податоци за луѓето кои доаѓале во Сирија, но сите тие информации засега не се потврдени.
Пред да го убие својот сонародник, Земљанка им се заканил на Путин и Русија.
„Ќе ги убиеме вашите синови за секој син што го имате убиено овде. Ќе ги срушиме вашите куќи за сите куќи што ги срушивте овде“, рекол Земљанка, наведувајќи дека Путин во бомбардирањата убил муслимански деца.Џихади Влад (28) е по потекло од Сибир. Потекнува од семејство од Нојабирск и е поранешен боксер кој за време на студиите тренирал и карате.

Пронајдете не на следниве мрежи: