Аналитичарот Џин Мунстер спровел студија за да дојде до одговорот за тоа кој дигтален помошник е подобар од овие два. Тој поставил 800 прашања, дознајте која апликација победила.Вештачката интелигенција во паметните телефони е се поголем тренд. Вечната борба помеѓу Android и iOS продолжува и на ова поле, само што во дуел овој пат се наоѓаат Google Now и Siri. Аналитичарот Џин Мунстер спровел истражување за да проба да дојде до одговорот кој дигитален помошник е подобар од овие два.
Мунстер поставил 800 прашања на овие апликации. Половина од нив бил поставени во затворен простор, додека другите биле пставени надвор. Прашањата биле во врска со навигација, генерални прашања и команди во врска со оперативниот систем.
Овој аналитичар истото истражување го спровел во 2012 година. Во него Siri била прогласена за победник со 83 проценти точни одговори, додека Google Now имал 81 проценти точни одговори. Оваа година Google имал 86 проценти точни одговори, додека вештачката интелигенција на Apple имала 84 проценти точни одговори.
Она што е исто така интересно е информацијата дека Siri го користела Google како извор во 3 посто од одговорите,
Оваа година Siri истотака успеала да направи некои работи сама, и тоа во 4 проценти од одговорите кои ги дала.
Вештачката интелигенција во паметните телефони е се поголем тренд. Вечната борба помеѓу Android и iOS продолжува и на ова поле, само што во дуел ов