Вашиот идеален партнер за патување.Овен
Натпреварувачкиот дух ги тера Овните секогаш да бидат најдобри, па така за нив и патувањето е шанса на сите да им покажат дека се најбрзи возачи. Тие се горди сопственици на некој спортски автомобил со кој по пат со сите се трка, а другите возачи не само што не се свесни за тоа, туку и кога Овен ќе ги престигне за него велат дека тој не е при свест. На море редовно доаѓа со 5 казни по пат.
Идеален сопатник: Лав. Двата знаци сакаат брзи автомобили кои предизвикуваат внимание, а единствено суетниот Лав ќе биде горд што неговиот Овен ги престигнал сите автомобили по пат.
Бик
Бикот не сака никаде да брза, според тоа, тој за на пат се спрема полека, доведувајќи ги до лудило останатите сопатници. Него му е важна сигурноста и комфорот, па редовно има голем автомобил по можност карава, во кој ќе ги смести лежалките за на плажа, душекот за во вода, а не е реткост со него да носи килограм колбасици и месо. Вози со минимална брзина по пат.
Идеален сопатник: Рак. Хедонисти кои ќе го посетат секој ресторан на кој ќе налетаат, а на зацртаната цел ќе стигнат два дена подоцна и со 5 килограми повеќе.
Близнаци
Близнаците се пакуваат 5 минути пред да заминат на пат па редовно забораваат нешто, обично од голема важност. Немојте никогаш да им доверите клучеви, пасош, карти или било што. Ова се нервозни возачи кои во автомобил немаат мир, па постојано зборуваат на мобилен или преминуваат од една во друга лента. Често на пауза сретнуваат некои непознати лица и започнуваат разговор со нив.
Идеален сопатник: Водолија. Авантуристи кои ќе уживаат во динамичното патување, а што повеќе луѓе запознаат по пат и што подалеку завршат од планираната цел, тоа подобро.
Рак
На Раковите заминувањето на море им е идеална прилика по пат да посетат прекрасни предели. Тие никогаш не одат по автопат, туку ги малтеретираат сопатниците да одат по стар пат, за да можат да ги доживеат сите убавини на земјата. Како возачи се многу внимателни и бавни, а ако некој од другите возачи на нив се налути, редовно им се насолзуваат очите.
Идеален сопатник: Бик. Единствено на трпеливиот Бик нема да му биде проблем да застанува на секои 5 километри и додека ракот му се восхитува на пејсажот, Бикот ќе и се восхитува на храната.
Лав
Кога Лавот трга на пат, подготовките почнуваат со недели порано. Лавот оди во набавка на најмодерна гардероба, накит. Кај него се е во изгледот и појавата. Секогаш се прави важен, па претекнува помали автомобили, па со насмевка ги погледнува под своите скапи наочари за сонце.
Идеален сопатник: Вага. Двајцата сакаат да се прават важни, па заедно во најелегантен автомобил ќе уживаат предизвикувајќи завист кај другите возачи.
Девица
Повеќето работи кои Девицата со себе ги носи на пат се лекарства. Со себе носат и огромни количини на течности, како и здрав и хранлив но никако вкусен оброк кој ќе и даде доволно енергија за стресното патувње. Од многуте лекови не и останува место за други работи, па со себе носи во главно практична облека. На пат е внимателна.
Идеален сопатник: Јарец. Двајцата се исклучително внимателни, па ќе и даваат значење на обостраната потреба безбедно да стигнат до саканата цел.
Вага
Вагата за пат се подготвува со недели, а со себе носи многу куфери. Ако патувате со Вага не очекувајте дека во автомобилот ќе имате многу место. Автомобилот на Вагата пред се мора да е убав и елегантен, а и бојата е важна. Безбедноста и техничките квалитети се помалку важни фактори за овој знак. Постојано се гледа во ретровизор додека вози.
Идеален сопатник: Лав. По пат ќе предизвикуваат завист кај останатите возачи, а на паузите од возење ќе го јадат најскапото јадење и ќе го пијат најскапиот пијалак.
Скорпија
Скорпијата на пат со себе секогаш ги носи само најосновните работи, а истото го очекува и од луѓето со кои го дели автомобилот. Не се подготвува ништо посебно за пат, но еднаш кога ќе тргне, мора се да биде по нејзино. Таа ги знае сите препреки и скриени патеки преку кои ќе стигне пред останатите лузери, но често зна да се изгуби па доаѓа последна, но тоа не смее да и се спомене.
Идеален сопатник: Никој. Скорпијата сака да патува сама, па сите други и претставуваат пречка.
Стрелец
Стрелецот обожава патувања па најчесто патува со комбе или џип, за да може со него да земе повеќе луѓе. Ако тргнете на пат со Стрелец, знајте дека со нив нема спиење. Најсреќен е кога е опкружен со многу луѓе, па во автомобилот иницира друштвени игри и пеење…
Идеален сопатник: Водолија. Тие двајца толку добро ќе се забавуваат, што патувањето ќе им биде позабавно од самото летување.
Јарец
Јарецот ја мрази секоја промена па и одењето на пат му е ноќна мора. Кога ќе тргне на пат, подготовките траат со недели. Месец дена претходно Јарецот менува масло, ги проверува гумите, станува член на некој фотум за автомобили и ја набавува целата опрема. Кога ќе дојде Денот Д, се поаѓа барем 3 часа порано за да се избегне гужвата. Застанува на секој час за кафе, а му пречат приказни по пат, а некој пат и гласното дишење.
Идеален сопатник: Девица. Девицата ќе ја одобрува внимателноста на Јарецот, со оглед на тоа дека ни сама не поднесува никакви отстапувања од зацртаниот план.
Водолија
На Водолијата не и е важно каде оди, туку со кого. Сака да запознава нови луѓе, па без да размислува ги вика со неа во автомобил. Често скршнува од рутата, па завршува во некое сосема друго место од предвиденото, што е знак за нивната независност и слободен дух.
Идеален сопатник: Стрелец. Овие два хипици во душа сакаат дружење и забава, а заминувањето на море им е идеална шанса да стекнат нови искуства.
Риби
Овој хороскопски знак е толку збунет што не знае ни да се спакува себеси како што треба. Со себе носи барем 3 куфери во кои не се наоѓа ништо корисно, додека редовно заборава да понесе паричник или некој важен документ. Секогаш доцни со поаѓањето барем 5 часа, со што ги излудува сите со кои патува. Не е реткост да заборави да стави бензин.
Идеален сопатник: Рак. Трпеливиот рак за никаде не се брза, па доцнењето на Рибата, нема нешто многу да го погоди.Овен
Натпреварувачкиот дух ги тера Овните секогаш да бидат најдобри, па така за нив и патувањето е шанса на сите да им пок