Кој гарантира за средствата на членовите на ОЗПФ НЛБ Пензиски фонд?

Друштвото се обврзува дека средствата на членот ќе ги инвестира со цел остварување на највисок принос единствено во полза на членот и преку диверзификација и финансиска анализа ќе го минимизира ризикот од загуби.МАПАС ја супервизира работата на друштвата, дневно, со цел да се осигура дека тие ги следат правилата за инвестирање на средствата на пензиските фондови. Овие правила се со цел заштита од прекумерно изложување на ризик при инвестирање на средствата на пензиските фондови.
Чуварот на средствата на пензиските фондови – безбедно ги чува средствата на задолжителните пензиски фондови на посебни сметка, издвоени од средствата на друштвата. Чувар на имот е деловна банка која исполнува одредени законски услови.
На крај, Буџетот на Република Македонија уплатува до 80% од средствата во задолжителниот пензиски фонд ако средствата на задолжителниот пензискиот фонд се намалиле како резултат на кривично дело измама, кражба или проневера.
Прочитајте повеќе на следниот линк: www.nlbnpf.com.mkМАПАС ја супервизира работата на друштвата, дневно, со цел да се осигура дека тие ги следат правилата за инвестирање на средствата на пензиските фо

Пронајдете не на следниве мрежи: