Кој и зошто го финансираше Саше Политико??

Јавноста вчера беше затекната од една крајно непорофесионална и нечовечка вест во која уредникот на порталот Мактел, Саше Политико на  дрзок начин во својата колумна посака нечија смрт. Во случајот, колумната беше посветена на македонскиот актер и шоумен Игор Џамбазов. Дури, иако никогаш не сум го помислувал да го кажам ова, време е Игоре и да заминеш и од овој свет, по можност од цироза, за да лошата реклама за алкохолот се затвори за да знаат сите што ги чека ако цел живот се налеваат и се клештат како непоправливи лузери покрај шишето шток или вотка,…напиша Саше Политико.
Преку социјалните мрежи многу граѓани го изразија своето незадоволство и дадоа до знаење дека се згрозени од ваквиот чин на Саше Политико. Ова не е првпат Саше Политико да се служи со вулгарности и навреди во своите текстови.Како сега, така и пред тоа, порталот Мактел важеше за портал на кој можете да прочитате многу текстови со вулгарна и крајно новинарски непрофесионална содржина. Овој портал е финансиран од фондацијата СОРОС која е добро позната на јавноста, но неможат да се исклучат и останатите кои учествуваат во финансирањето како Општина Центар и фирмата Семос во која една од поголемите акционери е жена на висок функционер на СДСМ.
Се по очигледно е дека Мактел и Саше Политико се финансирани за да се пишуваат текстови со вакви содржини во кои има омраза и навреди? Во неколку прилики досега, Саше Политико јавно кажуваше дека Мактел е опозициски портал и дека ги брани ставовите и политиките на СДСМ, исто така кажа  дека Мактел е директно финансиран од фондацијата СОРОС. Тој проба да ги прекорува останатите медиуми кои исто така се финансирани од фондацијата СОРОС дека не си ја вршеле работата како што треба, а добивале пари од СОРОС за политички цели. Последен таков случај беше кавгата со уредникот на Плусинфо во која Саше Политико  “дрва и камења” фрлаше за тоа како Геровски не си ги одработувал парите кои му биле дадени од СОРОС .

-Малку му се на Грујо и талибанците сите медиуми електронски и пишани па уште фали и опозициски портал како што е Плусинфо во кој Сорос има инвестирано сигурно стотици илјади евра да ги пренесува лагите на пастирот без притоа да објанси на јавноста за што станува збор?! Па добро бе Геро за кој курац те ставивме да раководиш опозициски мадиуми па вака може и баба ми бре човек, напиша Саше Политико.
Покрај навредите и говорот на омраза кон политичарите, Саше Политико си дозволи да го нападне  Игор Џамбазов  и многу други личности надвор од политичкиот живот па дури и да му посака смрт. После сето ова нејасно е зошто освен политичарите, СОРОС финансира интернет портал кој омаловажува се и сешто во Македонија?
 -Тоа е тоа, ај сега марш на спиење, имаш весник за праење, треба да се тепаат талибанците не си губи енергија со мене, не биди копук! Пари ти се дадени искористи ги максимално да нанесеш што поголема штета на Грујовата банда… напиша Саше Политико.
Последната колумна во која Саше Политико јавно посака нечија смрт и тоа на човек кој важи за актерска икона и голем професионалец во шоубизнисот не може да остави никого рамнодушен.
Извор:Kurir.mk
 Во случајот, колумната беше посветена на македонскиот актер и шоумен Игор Џамбазов. Дури, иако никогаш не сум го помис

Пронајдете не на следниве мрежи: