На промоцијата на ГРОМ на Јакимовски која се одржа во големата сала на хотелот „Александар Палас“ присуствуваа низа јавни личности за кои сеуште е непознато дали тие ќе бидат активни членови на партијата.
Покрај лидерот на Српската напредна странка, Драгиша Милетиќ, со чија поддршка и партиски печат Јакимовски победи во трката за градоначалничката позиција во општина Карпош, во „Александар палас“ беа присутни и низа други познати личности.
Во првиот ред седеа професорите Томе Груевски и Зоран Костов, кој е шеф на американскиот проект Хабитат и експретседателот на Македонскиот центар за меѓународна соработка, Сашо Клековски.
До Јакимовски можеше да се забележи поранешниот пратеник од редовите на СДСМ, Кире Гештаковски, и поранешниот државен секретар во Министерството за правда во владата на СДСМ, Виктор Цветковски, кој беше кандидат за градоначалник на Куманово, како и ракометарот Стевчо Алушовски.
На промоцијата на ГРОМ беше присутна и професорката на Филозофскиот факултет во Скопје, Татијана Стојановска-Иванова. Во салата беше присутен и еден од најблиските соработници на Јакимовски, поранешниот директор на „Канал 5“ и АПЕМ, Виктор Грозданов.На промоцијата на ГРОМ на Јакимовски која се одржа во големата сала на хотелот „Александар Палас“ присуств