Минатогодишната добитничка на Оскар- Мерил Стрип, оваа година на свеченоста ќе ги доделува оскарите. Досега таа поседува седумнаесет номинации за Оскар, што ја прави најноминирана актерка на Оскарите воопшто. Притоа има освоено три оскари меѓу кои и најдобра женска улога во филмот “The iron lady”.
На свеченоста која ќе се одржува на 24-ти февруари во улога на доделувач на Оскар ќе биде и французинот Жан Дижарден, глумец и оскаровец.
Во улога на претставувачи на номинираните ќе бидат уште и Октавиа Спенсер и Кристофер Палмер. Притоа, како што пренесуваат медиумите, Спенсен и Палмер се и актуелни добитници во категоријата за најдобра споредна машка улога и најдобра споредна женска улога. Палмер на 82 години е најстариот актер кој освоил Оскар.
Имено, оваа година драмата на Стивен Спилберг “LInkoln”, има најмногу номинации за Оскар односно дванаесет, зад неа е филмот “Life of Pi” со единаесет номинации.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Минатогодишната добитничка на Оскар- Мерил Стрип, оваа година на свеченоста ќе ги доделува оскарите. Досега таа поседува седумнаесет номинации за О