Кој ќе најде љубов до крајот на 2016: Времето работи за Бикот, Ракот нека ја слуша интуицијата, а Девицата…

Времето работи за Бикот, Ракот нека ја слуша интуицијата, а Девицата…Овен
Овните постојано бараат некој, но поради тоа што се преполни со барања, не им е лесно да ја пронајдат сродната душа. Но, фактот што се пребирливи не ги спречува да бидат крајно одлучни во исполнување на своите желби. Љубовта може нема да ви тропне на врата, но малку промена може да помогне да ја открие вашата адреса.
Бик
Вие барате личност која ќе ви пружи чувство на сила и безбедност и ќе знаете тоа да го цените. Благодарение на трпението кое го поседуваат Биковите ќе одвојат време да ја запознаат подобро личноста на која сакаат да и се посветат.Биковите оваа година најверојатно ќе испробаат нешто што до сега не пробале кога љубовта е во прашање за да ја запознаат таа специјална личност.
Близнаци
Вие барате личност која умее да комуницира во врската, а посебно место во вашето срце ќе заземе ако таа личност е интелигентна и паметна. На Близнаците им е навистина тешко да откријат што сакаат и поради тоа брзо може да се премислат. Сепак, на нивна голема среќа, до крајот на годината ќе имаат доста љубов, а големи се шансите и за брак или бременост.

 
Рак
Раковите се емотивци кои ја следат својата интуиција. Aко запознаат некој со кој сакаат да го поминуваат времето скоро не постои нешто што ќе може да ги запре дружењето да го претворат во врска. Но, бидејќи се многу селективни, прво е потребно некој да освои нивната доверба. ДО крајот на годината благодарение на нивната самодоверба, сигурно ќе ја пронајдат својата друга половина.
Лав
Лавовите се многу дарежливи во врска. Личностите кои се доволно среќни да ги запознаат и да се забавуваат со нив по правило се опсипани со внимание. Не само тоа, Лавовите се верни, така што не морате премногу да се грижите за тоа што прават кога не се со вас. До крајот на годината ќе си останете со личноста која е покрај вас, а слободните нека почнат со романтика.
Девица
Девиците се аналитичари. На прв поглед можат да бидат критични, но тоа е само затоа што со нивните емоции раководи логиката. Постојано ги набљудуваат постапките на личноста со која се во врска за да увидат дали навистина сакаат да бидат со нив. Но, кога еднаш ќе го поминете овој тест, ќе видите потполно неоткриена страна која многу ќе ви се допадне. До крајот на годината ќе постигнете големи работи кога станува збор за љубовта и врските.

 
Вага
Вагите сакаат својот личен живот и љубовта да ги држат во рамнотежа. Се обидуваат да не се занесат премногу. На нив им е потребна вистината за работите да може да функционираат, а кога еднаш ќе ја изгубите нивната доверба – готово е. До крајот на годината шармот и страста ќе им донесат победничка карта за возот од соништата.
Скорпија
За Скорпијата секогаш мора да постои цел. Сакаат да поставуваат цели, а уште повеќе да ги исполнуваат. Забавувањето со овој знак понекогаш може да биде фрустрирачко, бидејќи често не се подготвени за компромис, но со малку трпение и разбирање, Скорпиите може да бидат многу лојални и полни со љубов, а таков ќе им биде и крајот на годината.
Стрелец
Стрелците сакаат личности кои можат да бидат во ниво со нивниот интелект. Иако некои работи може да бидат проблематични ако се забавувате со нив, нивниот оптимизам секогаш ќе пронајде решение и за најтешките ситуации. Сепак, до крајот на годината во нивниот љубовен живот ќе владее несигурност.

 
Јарец
Јарците знаат да бидат крајно доминантни. Многу се практични и спремни да работат за доброто на врската. До крајот на годината многу е важно да одржат емотивна стабилност  и повеќе време да си посветат себе си.
Водолија
Овој знак е многу дарежлив во врска и му е многу посветен на партнерот. Најмногу внимание ќе им одвлече личност од која можат многу да научат, а крајот на годината е идеално време да почнат да се поврзуваат со нови луѓе и конечно да ја пронајдат вистинската личност за себе.
Риби
Познато е дека рибите се фантазери и поради тоа потребен им е некој кој умее да ги цени нивните романтични гестови. За жал тие се многу неодлучни кога љубовта е во прашање бидејќи не сакаат да бидат повредени или да повредат. Затоа им е потребна добра комуникација  за да ги изразат своите потреби и чувства. Крајот на годината им носи многу среќа бидејќи љубовта сама ќе им дојде.Овен
Овните постојано бараат некој, но поради тоа што се преполни со барања, не им е лесно да ја пронајдат сродната душа.

Пронајдете не на следниве мрежи: