Трајко Велјановски, доскорешниот претстедател на Собранието На Македонија се чини ги игнорира домашните и странски честитки упатени до новоизбраниот спикер на Парламентот Талат Џафери. Во синоќешно интервју за ТВСител, тој повтори дека Џафери не е законски избран и дека самиот ќе продолжи да претседава со конститутивната седница. Тој додаде дека штом ќе биде санирана штетата во собраниската зграда, ќе продолжи третата точка по која до сега пратениците од неговата ВМРО-ДПМНЕ бесконечно реплицираа самите со себе:
“Службите ми кажаа дека четири пет места кај што се уништени кои се за пријавување за гласање за зборење на пратениците, микрофоните треба да бидат оспособени. Кога ќе бидат оспособени јас како претседавач на конститутивната седница ќе одлучам, ќе закажам продолжение на конститутивната седница”, изјави Трајко Велјановски, претседавач на конститутивната седница.
Спротивни мислења доаѓаат од повеќе страни. Осман Кадриу, професор по уставно право, вели дека според Уставот и законот за Собранието, процедурата за избор на нов претседател е завршена.
„Наредната седница на Собранието може да ја повикува само ново избираниот претседател Талат Џафери. Ако Трајко Велјановски свика седница, на неа нема да учествуваат пратениците од парламентарното мнозинството“, изјави Осман Кадриу, професор по уставно право.
И поранешен претседател на Уставниот суд , Бранко Наумовски , во писмена реакција, вели дека со изборот на нов спикер постапката за конституирање на Собранието е ставена во правен колосек:
„Граѓаните можеа јавно да видат дека е направен тој бај пас кој беше очекуван, со гласање на мнозинството на пратениците, конечно на легитимен и легален начин во многу отежнати услови создадени од вас од ДПМНЕ, граѓаните го видоа изборот на претседател на Собранието“, изјави Бранко Наумовски, поранешен претседател на уставниот суд на Македонија.
Фактот што американскиот дипломат Хојт Ји за утре најавува средба со Џафери исто така се толкува како давање меѓународен легитимитет на неговата позиција.Во синоќешно интервју за ТВСител, тој повтори дека Џафери не е законски избран и дека самиот ќе продолжи да претседава со конститутивната седница.