Кој ќе владее со светот според Џулијан Асанж?

Џулијан Асанж, основачот на „Викиликс“, денес изјави дека се создава нов светски поредок и ќе има нови доминантни личности и компании кои ќе владеат со светот. Основачот на „ВИкиликс“, Џулијан Асанж, изјави дека доаѓа нов светски поредок на владеење со светот. 
Секоја четврта година според Асанж, сме сведоци на двојно зголемување на моќта на американската Национална агенција за безбедност.
Асанж одржа говор на учесниците на меѓународната конференција во Амстердам, која беше посветена на интернет технологијата. 
Асанж, кој се наоѓа во Амбасадата на Еквадор во Лондон повеќе од една година, оцени дека дури и одделни експерти не се свесни што точно се случува.
Тој нагласи дека, имајќи ја предвид распространетоста на социјалните мрежи, луѓето доброволно ги даваат своите лични податоци и со тоа всушност бесплатно ја одработуваат работата за американската Агенција. Според него, на светот му се потребни граници кои би ја штителе приватноста на граѓаните.
Асанж ги повика оние кои работат за безбедносниот апарат, а веруваат дека тоа е погрешно, да престанат да го прават тоа.
Основачот на „Викиликс“, кој објави илјадници доверливи дипломатски депеши на САД, ја критикуваше компанијата „Гугл“ дека станала „премногу голема и лоша“.
„Како „Гугл“ стана дел од системот, така стана голем и лош“, истакна Асанж, додавајќи дека овој интернет гигант дава огромни суми на пари за лобирање.
 Основачот на „ВИкиликс“, Џулијан Асанж, изјави дека доаѓа нов светски поредок на владеење со светот. 
Секоја четврта годин

Пронајдете не на следниве мрежи: