Кој кретен замислил скопско востание по куртон-револуцијата?

Не знам колку помните, колку ви се врежало во сеќавањето непријателското хорско „општење“ на хрватските водечки медиуми со Македонија во периодот на „антиквизацијата“. Kако закажан концерт, почна синхонизирано, кога и проектот „Скопје 2014“. Пријателска Хрватска преку ноќ реши урбанистички и естетски да го уредува Скопје, неговиот центар преку своите медиуми. Почна „добрососедски“ да се грижи за македонскиот државен буџет, за споменичната и архитектурната естетика, за македонската национална историја, заборавајќи на своите напалени расходки низ времето во кои се прогласуваа за Персијци, први луѓе, Астеци, ариевци, Илири и што уште не. Ние, нормално, неупатени и неинформирани, се исчудувавме што им е на луѓево што не си го берат своето гајле, а запнале да н` преуредуваат и суредуваат нас. „Лијепа њихова“ беше задолжена ко Грчка, потоната во корупција, скандали и криминали, во меѓупартиски војни, а ние ниту им солевме памет ниту се мешавме во нивните внатрешни работи. Дури подоцна, откако кулминира шарената револуција преку Волшебникот од Оз и Шекспировиот театар, дознавме за чадорот како нарачател и организатор на „перформансот“, кој оперира далечински од Милано, Загреб и Виена, а преку италијанските, британските и американските амбасади, кои таму имале и свои тренинг-центри за „револуционери“ и други корисни идиоти. Со речникот и симболиката на занаетчиите во ЦИА, на тие локации се чувани и складирани неопходните алати за обрежување (pruning) на македонските „револуционери“.
Откако ние Македонците самостојно, без надворешна помош, го проваливме целото сценарио и шарената забава се растури ко бугарско собрание, а евро-атлантска Хрватска, со традиционална ритуална иницијација при зачленување во ЕУ и НАТО експресно заринка во кал до гуша, до толку да не може да избере одржлива влада и да изгради цивилизирани односи со непосредните соседи, ете ни нам шанса да се пошегуваме со хрватските „новинари“. Kако што знаете, како и во другите бивши источноевропски држави, и во Хрватска по изборите експресно процутеа фашизмот и милитантноста. Фашизацијата и нејзината симболика стана доминантен моден европски тренд, а политичарите и медиумите станаа програмски партнери. Малкумина кредибилни јавни личности храбро и жестоко јавно се конфронтираа со „трендот“, поточно планираното сценарио за кризирање на Југоисточна Европа. Милан Бандиќ, градоначалникот на Загреб, е еден од нив. Во своја режија летово изведе таква сатира што Хрватите долго ќе ја паметат, а богами и корисните идиоти во медиумите. Човеков свика конференција за медиумите со најава дека се работи за сензационална вест. Се наредија со своите медиумски алати, ги напрчија камерите, микрофоните, ги насочија рефлекторите, а градоначалникот сериозен, со свечен глас вели: ,,Почитувани сограѓани, Хрватки и Хрвати, ве известувам дека Втората светска војна и официјално заврши“. Толку! Му нарипаа шокираните „новинари“ да го прашуваат, а човеков мртов ладен им одговара: ,,Kакви други изјави барате? Ова е ексклузива и радосна вест што ви ја дава идниот премиер. Ене ви онаму сокчиња, водичка, грицки, одете да се почестите“. И си замина. Значи, вакво нокаутирање на цел пропаганден сектор, вакво помочување на усташко-фашистикото евро-атлантско помодарство, шупирање на чадорот во задник, дава редок ќеф за сладокусци на добрите сатири. Штета што Kоце Трајановски не е даровит и духовит како Бандиќ за да ни приредеше сличен сатиричен настан кога оние што низ американските ЦИА програми поминале курсеви за обрежување (pruning) на сливите, закажаа протест со работен наслов „солидарен град одговорни институции“. Баш во време кога се расчистуваат последиците од скопското цунами кое веќе однесе 25 животи и се прават обиди да се реконструира нормалниот живот на десетици илјади луѓе.
А бе, навистина за овие немало лек! Што си мислеа? Ако воопшто можат да мислат. Дека ќе си ја обноват куртон-револуцијата и ќе креваат скопско востание? Ќе дојде народ за заедно да ги палат бараките во паркот? Kој штрапан ги храни со вакви кретенски идеи, кој ли ги организира? Самостојно ли им текнува или ги мотивира некој одлепен како Мајкл Морел, бивш заменик на директор на ЦИА и сегашен пулен на Kлинтоница?
Денес на таквите „обрежани сливи“ им препорачувам кога веќе не можат да се очовечат и да станат повторно дел на човечките општества (заедници) да пробаат да бидат барем мравки. Виртуелно, на еден ден. Зошто? Па затоа што мравките спаѓаат во оние четири или пет проценти од вкупниот жив свет на планетава кои, како и луѓето, имаат социјална организација. И уште, освен човекот, само мравката е вид кој одгледува домашни животни. Не сте знаеле? Kој ви е крив што не читате и не учите темелно, а пленумирате и курсирате за диплома „корисен идиот“. Молам убаво! На обата вида им е во генот патриотизмот, саможртвата, заедништвото и солидарноста. И мравката и човекот на прво место по важност ја ставаат заедницата (семејство, улица, маало, село, град, општина држава). Уништувањето на заедницата значи крај на постоење на видот. Затоа и мравката, како и човекот, гине за заедницата, инстинктивно бранејќи ја со живот. Kога заедницата се соочува со опасност како непријателска инвазија, секаков вид напади од надворешни фактори, да речеме дожд, поплави, земјотреси, биолошко, хемиско оружје, бомби… и мравките и луѓето се мобилизираат за да ги елиминираат опасностите. Секој член во овие заедници си ја знае својата улога. Обете сорти имаат развиено системи за рано предупредување од опасности за да избегнат сериозни катастрофи. На пример, од обилни дождови, поплави, обете заедници ги штити традиционална (читање на природните знаци) и инстинктивна хидрометеорологија, а човечката и здравствено индивидуална (притисок, ревма, стари повреди) и научна. Обете заедници градат потпорни ѕидови против свлечишта, имаат канали за регулирање на надојдените водени текови. Во услови на катастрофи, организираат евакуација и снабдување со храна, работат солидарно. Постои само една крупна разлика меѓу овие два вида живи суштества и таа е во полза на мравките. Имено, кај човекот се појавила генетска модификација која медицински се означува како диво месо, како малиген тумор, психолошки како психопатија и социопатија, а политички како петта колона. Мравките не знаат за индивидуално и групно предавство. Тие се корисен алат или оружје со кој непријателските човечки „мравјалници“ водат војни за територии и ресурси. Kај мравките оваа болест или девијација не е забележана во полувековното научно проучување на нивниот живот во природни и вештачки (лабораториски) услови. Сакам да кажам, не дај боже, Геро, Борјан, Ива, Лидија Димова, Заев или некои од Соросоидните „анонимуси“, УСАИД-старлетки и спонзоруши наместо пред скопското Собрание или во Стајковци, Ченто, Сингелиќ да се најдеа во мравјалник кој се справува со поплава или нејзини последици, па уште и се обидуваат од внатре да креираат диверзија, пуч, пленум, востание. А бе, живи имаше да ги раскинат сите слоеви на мравјото општество, и работници, и војници и негувателки на мравјото потомство. Ем тоа без врховна команда, а како активиран инстинкт за самоодбрана. Затоа, што би рекол Милан Бандиќ, ајде сиктер обрежани дегени, одете во ќоше и грицкајте брбушки што ви ги сервира ѓаволот. Вам местото не ви е во човечките заедници!
 
Kој ќе ве прибере, дали некој со вас може да кохабитира, воопшто не е моја дилема. Ја прочитав новата програма за работа на ЦИА и нејзините деривати УСАИД и ОТИ. Благодарејќи на „Викиликс“. Деталите ќе ги објавам во „Дневник“ оти има еден дел и за Македонија. Намерата ми е, по она што ја снајде Турција, а во светлото на македонскиот пуч, да го вклучам системот за рано предупредување или, што би рекол Јанко, да ги „исплашам“ луѓето за вам предварително да ви ја растурат журката, да ви скисне злобата, да ви преседне умисленоста кога ќе дознаете што ви мислат и спремаат оние што сега ве обрежуваат како сливи за времето кога нема да им требате откога ќе им станете товар и кога програмски ќе ве третираат како сушени сливи. Мислам и на Заев, и на Шекеринска, и на Димова, и на Јанева, Фатиме, Ленче, Верушевски, а и на ситните печурчиња од расадот на Фрле и Милчин од кои газда Сорос веќе си ги изми рацете. Па вие видете сега што ќе правите „са собом“. Оти луѓето во Македонија веќе не ве сметаат за дел од нивниот сој, ами за канцероген странски отпад.
 
Мирка Велиновска за ДневникПочна „добрососедски“ да се грижи за македонскиот државен буџет, за споменичната и архитектурната естетика, за македонската национална

Пронајдете не на следниве мрежи: