Текстот на договорот за добрососедство со Македонија е финализиран и бугарската страна нема намера да води нови преговори. Договорот е важна нова страница во односите меѓу двете земји, но по потпишувањето останува да се заврши уште многу работа, изјави вицепремиерот и министер за надворешни работи на Бугарија Екатерина Захариева во интервју за Бугарската телевизија.Таа вели дека договорот ќе биде потпишан на македонски јазик според Уставот на Република Македонија и на бугарски според Уставот на Република Бугарија. Нагласи дека договорот се базира на декларацијата потпишана во 1999 година, а разликата, како што посочи, е што се вградени механизми за следење на неговата примена, ќе има експертска комисија од историчари и општествени работници кои ќе работат на подобрување на училишните програми врз база на легитимни историски извори, пренесува Република.
Зоран Заев пак, со спротивна изјава од Захариева. Вели, договорот е отворен.
-Договорот, како што јавно ги поставивме стојалиштата, е одлична база за компромис. Може вака да биде потпишан, може да биде потпишан со корекции од наша страна, не од бугарска страна, корекции од бугарска страна, не од наша страна, корекции од двете страни. Се е отворено, до потпишувањето се е отворено – вели Заев.Таа вели дека договорот ќе биде потпишан на македонски јазик според Уставот на Република Македонија и на бугарски според Уставот на Република