Резултатите се од седумгодишна анализа на 156.000 податоци од пациенти примени во болница поради инфаркт.Најмногу срцеви удари се случуваат во понеделник, а декември е најчест месец за инфаркти, покажува истражување што го спровеле шведски научници.
Резултатите се од седумгодишна анализа на 156.000 податоци од пациенти примени во болница поради инфаркт покажуваат изненадувачки факти за тоа кога најчесто доаѓа до инфаркт.
Најмалку инфаркти се забележани во сабота, а пак од месеците јули е најбезбеден за луѓето кои имаат проблеми со срцето.
Ризикот за срцев удар е за 11% повисок во понеделник во однос на другите денови.
Младите вработени луѓе се поранливи во понеделник, кога ризикот за инфаркт е за 20% повисок отколку останатите денови.
Времето кога инфарктите се почести се поклопува со високот и ниското ниво на стрес, како што е враќање на работа во понеделник.
Едно претходно истраување утврдило дека стресот може да биде ороз за промени во биолошкиот систем што ги прави луѓето поподложни на инфаркт.
Како што расте нивото на стрес, така се зголемува активноста во амигдалата, дел од мосокот одговорен за емоции. Тоа ја поттикнува коскената срж да произведува повеќе имуни клетки за одбрана од стресот. Но, колку повеќе такви клетки има во организмот, толку повеќе доаѓа до воспалителни прицеси кои можат да ги оштетат артериите и срцето.Најмногу срцеви удари се случуваат во понеделник, а декември е најчест месец за инфаркти, покажува истражување што го спровеле шведски научници.