-Задолжителни членови – Осигурениците кои за прв пат се вработиле по 01.01.2003 година задолжително членуваат во вториот столб.
Тие треба да изберат во кој од постоечките задолжителни пензиски фондови сакаат да членуваат и тоа во период од 3 месеци по првото вработување.
Доколку сами не изберат фонд, ќе станат членови на задолжителниот пензиски фонд во кој претходно биле времено распределени, по случаен избор. Изборот на пензиски фонд се врши со склучување на договор за членство со овластен агент на пензиско друштво.
-Доброволни членови – Осигурениците кои за прв пат се вработиле пред 01.01.2003 година се доброволни членови. Доброволните членови можат да бидат членови во 2 столб единствено ако склучат договор за членство во задолжителен пензиски фонд со овластен агент на пензиско друштво. Законски е дефиниран период од 3 месеци од датумот на повторното вработување во кој оваа група на осигуреници може, но не мора да пристапи во вториот столб.
Доколку по изминување на 3 месеци работен стаж од новото вработување овие осигуренци не склучат договор за членство, засекогаш остануваат единствено во првиот столб.
Повеќе информации може да дознаете на следниот ЛИНК-Задолжителни членови – Осигурениците кои за прв пат се вработиле по 01.01.2003 година задолжително ч