Кој најмногу се дебелее на работното место

Loading...

И покрај тоа што работата го одржува човекот, сепак професионалниот живот има негативни последици по витката линија на вработените. Како најголема причина се издвојуваат стресот и недвижењето.
Според студија спроведена со анкетирање на 3.600 вработени Американци, 40% од нив изјавиле дека значително се здебелиле откако почнале да работат.
Најзагрозени се административните работници, меѓу кои 69% рекле дека многу ја зголемиле телесната тежина откако почнале да работат.


На второ место се инженерите. Од нив, 59% ја зголемиле тежината откако започнале професионална кариера.
Третото место го делат наставниците, болничарките, медицинските сестри и информатичарите од кои 51% се здебелиле.
Главен фактор за вишокот на килограми е седењето, но и стресот, затоа што 35%од испитаниците изјавиле дека посегнуваат по брза храна кога се под стрес.
Деловните вечери исто така водат кон дебелеење на вработените, но и многуте искушенија кои се поставени во работното окружување, како што се автоматите за бонбони и благи работи.И покрај тоа што работата го одржува човекот, сепак професионалниот живот има негативни последици по витката линија на

loading...