Секој човек во различен период од утрото може и сака да пие кафе. Меѓутоа, организмот најдобро реагира на кафето по 9 часот наутро.
Според одредени истражувања најдобар период за пиење кафе во денот е помеѓу 9:30 и 11:30 часот, како и во периодот помеѓу 16:30 и 18:30 часот. Причина за ова е кортизолот, хормон кој ја зголемува будноста, кој во тој период е на најниско ниво. Кортизолот многу лесно реагира на кофеинот, па затоа треба да се внимава на времето на пиење на првото кафе. Луѓето кои го пијат првото кафе помеѓу 8 и 9 часот наутро, кога кортизолот е на највисоко ниво, развиваат толеранција на кофеин, со што се намалува неговото дејство.
Па така, колку е повисоко нивото на кортизолот, толку е поголем ризикот да се збогувате со придобивките од кофеинот. На овој начин кафето почнува да не делува, па телото бара да се напиете нова шолја за да се разбудите.
Како што не треба да претерувате со лекови, така не треба ни да претерувате со кафето. Треба да го темпирате времето, а не да пиете кога телото е најмногу будно, бидејќи тогаш ќе дојде до контраефект.
Според одредени истражувања најдобар период за пиење кафе во денот е помеѓу 9:30 и 11:30 часот, како и во периодот помеѓу 16:30 и 18



